Descargar Imprimir esta página

Bosch 0.601.9D9.100 Manual Original página 123

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 20
OBJ_BUCH-1982-002.book Page 122 Monday, October 13, 2014 2:33 PM
122 | Македонски
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
 Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата
употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
 Прочитајте го упатството за употреба на полначот.
 Електричниот апарат ставете го на шрафот само
доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се
врти, тој може да се преврти и падне.
 Активирајте го прекинувачот за менување брзини
само кога електричниот апарат е во мирување.
 Прекинувачот за менување брзини притиснете го до
крај, односно прекинувачот за избор на начин на
работа свртете го до крај. Инаку електричниот апарат
може да се оштети.
 При прејако оптоварување, на пр. при подолго
блокирање на алатот што се вметнува, се исклучува
електрониката на електричниот апарат. Откако
повторно ќе го вклучите, електричниот апарат
повторно може да се користи за предвидената
намена. при континуирано оптоварување,
електричниот апарат одново се исклучува, за да се
избегнат штетите на моторот.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
 Пред да извршите било што, проверете дали е
зацврстена дополнителната дршка. Губењето на
контролата може да доведе до повреди.
Брзо исклучување
 Брзото исклучување овозможува подобра контрола на
електричниот апарат. При ненадејна и непредвидена
ротација на електричниот апарат околу оската за
дупчење, електричниот апарат се исклучува.
 Брзото исклучување е прикажано со трепкање на LED
на електричниот апарат.
 За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување и одново
притиснете го.
 Брзото исклучување може да се активира само кога
електричниот апарат работи со максимален број на
работни вртежи и може да се врти слободно околу
оската на бургијата. Притоа, изберете погодна
работна позиција. Инаку не е загарантирано дека ќе се
активира брзото исклучување.
1 609 92A 0WS | (13.10.14)
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
GSR 14,4 VE-2-LI/
GSR 18 VE-2-LI/
GSB 14,4 VE-2-LI/
GSB 18 VE-2-LI: Батериска дупчалка-
одвртувач /батериска ударна
дупчалка-одвртувач
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Пред било каква интервенција на
електричниот апарат извадете ја
батеријата
Носете заштита за слухот
Правец на движење
Правец на реакција
Дупчење и одвртување
Ударно дупчење
Мал број на вртежи
Голем број на вртежи
Вклучување
Исклучување
Забранети акции
Bosch Power Tools

Publicidad

loading