Conform reglementărilor naționale, vânzătorii cu
amănuntul au obligația de a colecta bateriile epuizate,
deșeurile de echipament electric și electronic, gratuit.
Contribuția dvs. la reciclarea și reutilizarea bateriilor
epuizate, a echipamentelor electrice și electronice
ajută la reducerea cererii de materii prime.
Bateriile epuizate, în special cele cu litiu, deșeurile
formate din echipamente electrice și electronice
conțin materiale reciclabile valoroase, care pot avea
o infl uență negativă asupra mediului înconjurător și
asupra sănătății umane, dacă nu sunt eliminate într-o
manieră ecologică.
Ștergeți datele personale din echipamentul deșeu,
dacă este cazul.
MK
ПРЕВОДИ НА ОРИГИНАЛНИТЕ УПАТСТВА
КОНКТРЕТНИ УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА
Дупчалката (со удирање) е наменета да се користи за бушење
без удирање во дрво, пластика и метали и бушење со удирање
во зид. Производот може да се користи и за завртување и
вадење завртки.
Не го користете производот за друга намена.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
предупредувања за безбедност, упатства, илустрации
и спецификации дадени со овој електричен алат.
Непочитувањето на сите упатствата наведени подолу, може
да доведе до струен удар, пожар и/или сериозна повреда.
Зачувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошна
употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТЕЊЕ СО
ДУПЧАЛКА (СО УДИРАЊЕ)
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА СИТЕ ОПЕРАЦИИ
Носете заштитни средства за уши за време на бушењето.
Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
Употребете ги дополнителните рачки. Губење на контрола
може да предизвика лична повреда.
Држете го електричниот алат со изолирани површини при
извршување на операција каде додатокот за сечење или
прицврстувачите може да дојдат во контакт со скриени
жици. Додатокот за сечење или прицврстувачите кои доаѓаат
во контакт со „гола" жица, може да предизвикаат металните
делови од електричниот алат да станат „голи" и ракувачот
може да доживее струен удар.
УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА ДОЛГИ
БУРГИИ НА ДУПЧАЛКАТА
Никогаш не работите со поголема брзина од максималната
брзина на бургијата на дупчалката. При поголеми брзини,
бургијата може да се свитка доколку е овозможено да ротира
слободно без допирање на работното парче, што може да
предизвика лична повреда.
Секогаш започнувајте со бушење со мала брзина и со
врвот на бургијата во допир со работното парче. При
поголеми брзини, бургијата може да се свитка доколку е
овозможено да ротира слободно без допирање на работното
парче, што може да предизвика лична повреда.
Применувајте притисок само во директна линија со
бургијата и не применувајте преголем притисок. Бургиите
може да се свиткаат предизвикувајќи кршење или губење на
контрола што може да предизвика лична повреда.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И
РАБОТЕЊЕ
Прицврстете го работното парче со уред за прицврстување.
Неприцврстените работни делови може да предизвикаат
сериозна повреда и оштетување.
Производот автоматски ќе се рестартира доколку е закочен.
Исклучете го производот веднаш ако застане.
Не го вклучувајте производот повторно откако ќе закочи.
Повторно вклучување може да предизвика повратен удар со
голема сила на реакција. Утврдете зошто производот закочил и
поправете го, внимавајќи на упатствата за безбедност.
Прашината што се создава при употреба на производот може
да биде штетна за здравјето. Не вдишувајте ја прашината.
Носете соодветна маска за заштита од прашина.
Отстранете ги батериите пред да почнете да вршите некаква
работа на самиот производ.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА
БАТЕРИЈАТА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да се намали ризикот од пожар,
телесна повреда и оштетување на производот како резултат
на краток спој, алатот, батеријата и полначот никогаш не го
потопувајте во течност или не дозволувајте да навлезе течност
во нив. Корозивни или проводни течности како што се морска
вода, одредени индустриски хемикалии, белила или производи
кои содржат белила итн. може да доведат до краток спој.
Не ги фрлајте потрошените батерии во домашниот отпад
и не ги горете. Дистрибутерите на AEG нудат обновување
на старите батерии со цел да ја заштитат нашата животна
средина.
Батерии кои не се користени некое време, пред употреба
треба да се наполнат.
За оптимална трајност, батериите треба целосно да се
наполнат по употребата.
Чување на батеријата подолго од 30 дена:
• Чувајте ја батеријата на температура под 27°C и подалеку
од влага.
• Чувајте ја батеријата наполнета од 30% - 50%.
• На секои шест месеци од складирањето, наполнете ја
батеријата на вообичаениот начин.
Заштита на батеријата
Батеријата има заштита од преоптоварување што ја штити од
преоптоварување и помага да се обезбеди долг век на траење.
При екстремно напрегање, електрониката на батеријата го
исклучува производот автоматски. За повторно вклучување,
исклучете го производот и повторно вклучете го. Доколку
производот не се стартува повторно, батеријата може да се
испразни целосно. Наполнете ја батеријата повторно.
Транспорт на литиумски батерии
Литиум-јонските батерии треба да ги исполнуваат условите
пропишани во законот за опасни стоки.
Транспортот на тие батерии треба да се изврши во согласност
со локалните, националните и меѓународните одредби и
прописи.
• Батериите може да се транспортираат по друмски пат без
дополнително барање.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонските батерии од
страна на трети лица подлежи на прописите за опасни стоки.
Подготовката за транспорт и самиот транспорт треба да го
вршат само соодветно обучени лица и процесот треба да
биде следен од соодветни експерти.
При транспортот на батериите:
• Погрижете се контактните излези на батеријата да се
заштитени и изолирани за да се избегне краток спој.
• Погрижете се батеријата да е стабилно спакувана за да не се
поместува при транспортот.
EN
DE
FR
IT
ES
PT
NL
DA
NO
SV
FI
EL
TR
CS
SK
PL
HU
SL
HR
LV
LT
ET
RU
BG
RO
MK
UK
AR
41