Полнач Bosch C30 I Упатство за работа
Држете ги децата подалеку од полначот.
◾ Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 години и лица со ограничени
физички, сензорни или ментални способности или недостаток на искуство и
знаење доколку се под надзор или добиле инструкции за безбедно користење на
уредот и ги разбираат опасностите поврзани со него.
◾ Децата не смеат да се играат со уредот.
◾ Децата не смеат да вршат чистење и нега без надзор.
◾ Само за внатрешна употреба.
Еколошко одлагање
Помогнете во заштитата на животната средина! Имајте ги предвид локалните
прописи. Електричните алати што веќе не може да се користат мора да се собираат
посебно и да се одлагаат на еколошки начин.
Амбалажите со состојат од еколошки материјали што може да се одлагаат во
локалните компании за рециклирање.
3 Работа
3.1
Пред пуштање во работа
1. Пред приклучување на полначот, прочитајте го упатството за работа на батеријата.
2. Имајте ја предвид препораката на производителот на возилото кога батеријата
уште е поврзана со возилото.
3. Исчистете ги терминалите на батеријата. Не дозволувајте нечистотијата да дојде
во допир со очите, кожата или устата. Темелно измијте ги рацете по контакт со
приклучоците за батеријата.
4. Погрижете се да има доволно вентилација. Водородниот гас (електролитен гас)
може да излезе од батеријата за време на полнењето и бавно полнење.
3.2
Поврзување
1. Поврзете го (+)-приклучокот (во црвена боја) на полначот со (+)-полот на
батеријата.
2. Поврзете го (–) приклучокот (во црна боја) на полначот со (–) полот на
батеријата.
3. (–) терминалот за приклучок (во црна боја) може да се приклучи и на
каросеријата, но подалеку од водовите за гориво.
Напомена: Проверете дали приклучоците (+) и (–) се добро поврзани.
Дури потоа се приклучува мрежниот кабел.
3.3
Исклучување на поврзувањето
1. Ставете го полначот во режим на подготвеност со притискање на копчето за
режим.
2. Секогаш исклучете го прво струјниот приклучок од електричната мрежа.
197
MK