Mennekes Mode 2 Manual De Instrucciones página 84

Ocultar thumbs Ver también para Mode 2:
Tabla de contenido

Publicidad

Употребени симболи
Означува важна напомена.
Означува дополнителна и корисна
информација.
Означува дека работите треба да ги изведува
само стручен електричар.
f Означува некакво барање околу ракувањето.
„ Означува набројување.
Î Упатува на друг дел од овие упатства за работа.
Предвидена употреба
Кабелот за полнење може да се користи за
полнење електрични и хибридни возила, понатаму
како „возила", со приклучување во соодветна
инфраструктура за таа намена.
Доколку се сомневате дека инфраструктурата
е соодветна, проверете ја заедно со стручен
електричар.
Друга употреба не е дозволена и според тоа е
непрописна. Кабелот за полнење е безбеден само
кога се следат овие упатства за употреба, како и
документацијата за возилото.
f Пред да го употребувате кабелот за полнење,
прочитајте ги упатствата за употреба и
документацијата за возилото.
f Следете ги инструкциите додека го употребувате
кабелот за полнење.
Невниманието може да предизвика лични повреди
и материјални штети, на пример, поради електричен
удар, краток спој или изгореници.
Неправилна употреба
Доколку неправилно го употребувате, се зголемува
ризикот за лични повреди и материјални штети.
Особено е забрането:
„ да правите промени или модификации на кабелот
за полнење.
„ приклучување на кабелот за полнење во дефектна
или несоодветна инфраструктура за полнење за
којашто кабелот не е наменет да работи постојано.
„ употреба на дефектен кабел за полнење.
Одговорноста за сите лични повреди и материјални
штети што би настанале како последица од неправилна
употреба е на корисникот на кабелот.
MENNEKES Stecker GmbH & Co.KG не презема
одговорност за грешките при работата и штетите што
настануваат од неправилна употреба.
80
Основни безбедносни напомени
Внимавајте на насловната страница –
Слика 1.
Ситуациите прикажани на сликата 1 се
забранети. Ако не ги избегнете, постои
опасност за лични повреди и материјални штети.
„ Држете ги децата понастрана од кабелот за полнење.
„ Држете ги животните понастрана од кабелот за
полнење.
„ Да не се користат продолжетоци или адаптери.
„ Приклучете го кабелот за полнење во
инфраструктура за полнење којашто е без
проблеми и е соодветна.
„ Заштитете ги приклучоците и приклучната опрема
од влага и течности.
„ Не употребувајте го кабелот во средини каде
што има запаливи течности, гасови или прашини,
коишто можат да експлодираат или да се запалат.
„ Држете го излезот за вентилирање отворен.
T
ВНИМАНИЕ
Материјални штети поради кондензација
Ако излезот за вентилирање е затворен, постои
опасност кабелот да се оштети поради кондензација
(за вентилирање погледнете ја следната илустрација).
f Оставајте го излезот отворен и одржувајте го чист.
f Не покривајте го отворот за излезот.
f Не пикајте предмети во дупчињата.
Илустрација: Отвор за вентилирање на долната страна
на куќиштето
Технички податоци
Техничките податоци можете да ги пронајдете на
фабричката табличка на куќиштето.
f Внимавајте на техничките податоци на фабричката
табличка.
f Кабелот за полнење треба да се употребува само на
најмногу 4.000 метри надморска височина.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido