Descargar Imprimir esta página

AL-KO 250 I Traducción Del Manual Original De Instrucciones página 516

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 92
MK
Вашиот трактор се придвижува преку ножен
хидростатичен менувач.
7.5.1
Подготвување за возење при
температури под 10 °C
1. Проверете да НЕ е вклучена алатката за
косење. За да го направите тоа, проверете
ја преклопната склопка (04/2).
2. Стартувајте го моторот и оставете го да
работи околу 30 секунди за да се загрее и
да се оптимизира вискозноста на маслото
за менувачот. Потоа можете да го возите
тракторот. Да не ја вклучувате алатката за
косење сè додека моторот не поработи
неколку минути.
7.5.2
Возење со ножен хидростатичен
менувач
1. Притиснете ја педалата за кочење (03/1) и
заклучете ја со лостот за заклучување
(03/2).
2. Ставете ја алатката за косење на
највисоката висина на косење (04/1).
3. Стартувајте го моторот.
4. Притиснете ја кочницата (03/1).
5. Полека притиснете ја ножната педала за
саканата насока на возење:
Напред: Ножна педала (02/1)
Назад: Ножна педала (02/2)
6. Колку што подалеку ја притискате
педалата, толку побрзо се движи
тракторот во избраната насока.
7. За запирање, отпуштете ја ножната
педала и притиснете ја кочницата (03/1).
НАПОМЕНА
Кога го напуштате тракторот, секогаш
активирајте го лостот за заклучување
со притисната педала за кочницата за
да не може да се оттркала тракторот!
516
7.5.3
Возење и косење на стрмнини
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од грешки при возење на
стрмнини!
При возење на стрмнини треба да се
обрати посебно внимание! Нема
такво нешто како „безбедна"
стрмнина.
Особено почитувајте ги следните
безбедносни напомени!
Откачете ја алатката за косење и
дополнителната опрема ако тркалата
превртуваат или ако возилото откаже
кога возите по стрмнина. Потоа
напуштете ја стрмнината во бавно
надолно возење долж паѓачката
линија!
Полната корпа за собирање трева ја
зголемува опасноста за превртување
на тракторската косилка преку
нејзината тежина!
Да не се вози на стрмнини поголеми од
10° (18 %). Пример: тоа одговара на 18 cm
разлика во висина на должина од 1 метар.
Возете рамномерно.
Не кочете наеднаш.
Одржувајте ниска брзина на возење.
Не возете попреку стрмнината.
Не забрзувајте наеднаш.
Управувајте рамномерно.
7.5.4
Косење со тракторската косилка
Прилагодете ја брзината на возење според
условите на тревникот со цел да постигнете
чист резултат на косење. Изберете најмногу
2/3 од можната брзина на возење на педалата
кога косите. Максималната брзина на
тракторот е исклучиво наменета за возење
без вклучена алатка за косење.
Во нормален случај висината на косење
изнесува 4 - 5 cm. Тоа одговара на вториот
или третиот засек од регулирањето на
висината (04/1). При влажна и мокра трева
косете со повисока висина на косење.
Кај многу висока трева, пожелно е да се
помине во два премина. Ставете ја алатката
за косење на максимална висина на косење
при првиот премин. При вториот премин
можете потоа да ја намалите на саканата
висина.
Работење со тракторот

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

220 i300 i