употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело да дојде до
повратен удар со висок момент на реакција. Испитајте и отстранете
ја причината за блокирањето на употребеното орудие имајќи ги во
предвид напомените за безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Алатката има остри рабови и може да се загрее за време на
работата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од исеченици и изгореници
– при ракување со алатката
– при спуштање на уредот.
Носете заштитни ракавици кога ракувате со алатката.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е
машината работи.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги избегнете
електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за
напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат да
предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18
систем. Не користете батерии од друг систем.
Никогаш не ги кршете батериите и полначите и чувајте ги само во
суви простории. Заштитете од влага.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со
исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со
очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително одете
на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги создава
краток спој, не ја потопувајте во течност алатката, заменливата
батерија или полначот и пазете во уредите и во батериите да
не проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи
течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки супстанции,
можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Безжичниот моментен клуч моче да биде користен за затегање или
одвртување на навртки и шрафови.
Не користете го производот на поинаков начин од наведениот.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост
да се исклучат остаточни опасности. При употребата можат да
се појават следниве ризици, поради кое што корисникот мора да
обрати внимание на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги панталони и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
94
РАБОТА
Совет: Се препорачува секогаш по прицврстувањето да го
проверите затезниот момент со динамометрички клуч.
Затезниот момент е под влијание на различни фактори, вклучувајќи
ги и следните фактори.
• Состојба на полнење на батеријата - Кога батеријата е
испразнета, напонот паѓа и затезниот момент се намалува.
• Брзини - Користењето на алатот при мала брзина доведува до
помал затезен момент.
• Положба за прицврстување - Начинот на држење на алатот или
сврзувачкиот елемент влијае на затезниот момент.
• Завиткан или вметнат приклучок - Користењето на завиткан или
вметнат приклучок со погрешна големина или користењето на
опрема што не е отпорна на удари го намалува затезниот момент.
• Користење на опрема и продолжни елементи - Во зависност од
опремата или продолжниот елемент, може да се намали затезниот
момент на ударната шрафилица.
• Завртка/навртка - Затезниот момент може да варира во зависност
од дијаметарот, должината и класата на јачината на завртката/
навртката.
• Состојба на сврзувачките елементи - Контаминирани, кородирани,
суви или подмачкани сврзувачки елементи може да влијаат на
затезниот момент.
• Деловите кои треба да се навртуваат - Јачината на деловите кои
треба да се навртуваат и која било компонента меѓу нив (сува или
подмачкана, мека или тврда, завртка, заптивка или подлошка)
може да влијаат на затезниот момент.
АВТОМАТСКО СОПИРАЊЕ
Функцијата
служи за подобра контрола на алатот. За да се
спречи настанување на штети на шрафот или на работната
површина, алатката се исклучува автоматски, ако за околу една
секунда детектира отпор.
При максимална брзина од 1670 вртежи во минута алатот се
исклучува автоматски, ако за околу една секунда детектира
отпор.
Вредностите на вртежен момент зависат од многу фактори, на
пример, наполнетоста на батеријата, големината на батеријата,
времетраењето на импактот, големината на завртката итн.
Секогаш проверувајте со клуч-крцкало дали е постигната
вредноста на посакуваниот вртежен момент. Ова не претставува
алатка за прецизно зашрафување.
ТЕХНОЛОГИИ ЗА ПРИЦВРСТУВАЊЕ
Колку подолго се навртува болтот, завртката или навртката со
ударната шрафилица, толку поцврсто тие се затегнати.
За да избегнете оштетување на сврзувачите елементи или
работните парчиња, избегнувајте прекумерно траење на
навртуванјето.
Бидете посебно внимателни кога работите на помали сврзувачки
елементи, затоа што тие бараат помал број на удари за да се
постигне оптимален затезен момент.
Вежбајте со различни сврзувачки елементи и запомнете го времето
што ви е потребно за да го достигнете саканиот затезен момент.
Проверете го затезниот момент со рачни динамометрички клуч.
Ако затезниот момент е премногу висок, намалете го времето на
удар.
Ако затезниот момент е недоволен, зголемете го времето на удар.
Маслото, нечистотијата, рѓата или другите загадувачи на навојот
или под главата на сврзувачкиот елемент влијаат на затезниот
момент.
Вртежниот момент што е потребен за олабавување на сврзувачкиот
елемент е во просек од 75% до 80% од затезниот момент, зависно
од состојбата на контактните површини.
Зашрафете малку со релативно низок затезен момент и користете
рачни динамометрички клуч за финално затегнување.
МАКЕДОНСКИ
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно
по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте ја батеријата на суво место на температура под 27 °C.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата
на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-јонски
батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни
моменти, заглавување на бургијата, ненадејно стопирање или
краток спој, електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење
трепка и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција и
транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ЧИСТЕЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети,
Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот
со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број
на табличката со учинокот или во Вашата корисничка служба
или директно кај Techtronic Industries GmbH, -Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата за
употреба пред пуштањето во употреба.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Носете ракавици!
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се
собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори
и отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач
за совети за рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците
на мало може да се обврзани бесплатно да ги
преземаат искористените батерии, како и отпадната
електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема помага да се
намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска
опрема содржат вредни материјали за
рециклирање, кои може негативно да влијаат на
животната средина и на здравјето на луѓето доколку
не се отстранат на еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
n
Брзина без оптоварување
0
IPM
Број на удари
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за усогласеност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
95