Распакување И Монтирање На Тракторот; Команди; Стандардна Табла Со Инструменти - AL-KO Solo T 22-111.7 HDS-A V2 Comfort Manual De Instrucciones

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 83
Распакување и монтирање на тракторот
Транспортирајте и складирајте бензин и
масло исклучиво во садови одобрени за
тоа. Осигурајте се дека децата немаат
никаков пристап кон складираниот бензин
и масло.
Осигурајте се за избегнување на
контаминирање на почвата (заштита на
животната средина) да при полнењето не
навлезе бензин и масло во земјата. За
полнење користете инка.
Никогаш да не го полните уредот во
затворени простории. На подот може да
дојде до насобирање на бензински пареи
и поради тоа да дојде до прасок или дури
до експлозија.
Веднаш избришете го истурениот бензин
од уредот и од почвата. Оставете го
текстилот со кој го избришавте бензинот
на добро проветрено место пред да го
фрлите истиот. Инаку може да дојде до
ненадејно самозапалување.
Ако имате истурено бензин се создаваат
бензински пареи. Поради тоа не го
стартувајте уредот на истото место туку
најмалку на 3 метри оддалеченост.
Избегнувајте контакт на кожата со
производи од минерално масло. Не ги
вдишувајте бензинските пареи. За
полнење носете секогаш заштитни
ракавици. Редовно променувајте ја и
чистете ја заштитната облека.
Внимавајте на тоа да вашата облека не
дојде во контакт со бензин. Ако бензинот
дојде во допир со вашата облека веднаш
сменете ја облеката.
Никогаш да не го полните уредот при
вклучен или топол мотор.
4 РАСПАКУВАЊЕ И МОНТИРАЊЕ НА
ТРАКТОРОТ
Почитувајте го приложеното упатство за
монтажа за распакување и монтажа на
тракторот.
НАПОМЕНА
Почитувајте го исто така и
приложеното упатство за работа на
бензинскиот мотор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасности од нецелосно
монтирање!
Тракторската косилка не смее да се
користи пред да биде целосно
монтирана!
Направете ги сите монтажни работи
коишто се опишани во упатството за
монтажа. Во случај на сомневање
пред пуштањето во употреба
прашајте стручно лице дали
монтажата е правилно направена!
Проверете дали се присутни сите
безбедносни и заштитни уреди и дали
се функционални!
5 КОМАНДИ
Во продолжение се опишани контролните
елементи на тракторските косилки со
странично исфрлање. Погрижете се да го
прочитате соодветниот опис за вашата
тракторска косилка.
5.1
Стандардна табла со инструменти
Во продолжение се објаснети елементите на
стандардната табла со инструменти (01).
Регулирање на бројот на вртежи на
моторот (01/2)
НАПОМЕНА
Имајте во предвид дека активирањето
на регулаторот во возен погон влијае
врз брзината!
Кај регулатор со интегрирана дизна:
Со поместување на регулаторот (01/2) се
зголемува и намалува бројот на вртежи на
моторот како и вклучување на дизната во
најгорната позиција.
Вклучување на дизната: Поместете го
регулаторот (01/2) сосема на нагоре
кон знакот за дизна. Оваа позиција
користете ја исклучиво за стартување
на моторот.
Напомена: Некои варијанти на трактор
располагаат со посебно копче за
дизната (01/1) на таблата со
инструменти. Тоа мора тогаш
дополнително да се повлече за
стартување на тракторот. Штом ќе
почне да работи моторот, полека
турнете го копчето назад!
455

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido