OBJ_BUCH-487-003.book Page 180 Wednesday, December 9, 2015 11:29 AM
180 | Македонски
Кочница за исфрлување од брзина
При отпуштање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 се закочува главата за
дупчење и со тоа се спречува повторното стартување на
алатот што се вметнува.
При зашрафување на шрафови, прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 отпуштете го дури откако
шрафот цврсто ќе биде зашрафен во материјалот. На тој
начин главата на шрафот нема да навлезе во материјалот.
Приказ за контрола на температурата
Црвеното LED светло на приказот за контрола на
температурата 11 сигнализира, дека батеријата или
електрониката на електричниот апарат (со вметната
батерија) не е во оптималните граници на температурата.
Во овој случај електричниот апарат не работи или не
работи со полна јачина.
Контрола на температурата на батеријата:
– Црвеното LED светло 11 свети постојано при
вметнувањето на батеријата во полначот: Батеријата е
надвор од границите на температурата за полнење од
0 °C до 45 °C и не може да се наполни.
– Црвеното LED светло 11 трепка при притискање на
копчето 13 или на прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 (при ставена батерија):
Батеријата е надвор од границите на работна
температура.
– При температура на батеријата од над 70 °C
електричниот апарат се исклучува, додека батеријата
не се врати во оптималните граници на температура.
Контрола на температурата на електрониката на
електричниот апарат:
– Црвеното LED светло 11 постојано свети при
притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 6: Температурата на
електрониката на електричниот апарат изнесува
помалку од 5 °C или повеќе од 75 °C.
– При температура од над 90 °C електрониката на
електричниот апарат се исклучува, додека не се врати
повторно во границите на температурата за работа.
Совети при работењето
Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
Мека дршка
Површината на дршката 4 (меката дршка) ја зголемува
заштитата од лизгање и обезбедува подобро држење и
ракување на електричниот апарат.
Со гумената облога истовремено се постигнува
антивибрациски ефект.
Совети
По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот апарат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS=висококапацитетни за
1 609 92A 1K9 | (9.12.15)
брзо сечење со челик). Програмата на опрема на Bosch
гарантира квалитет.
Пред зашрафување на големи, подолги шрафови во
цврсти материјали, претходно издупчете
на шрафот според внатрешниот дијаметар на навојот.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку електричниот апарат се расипе и покрај
грижливото одржување во согласност со напомените на
производителот, поправката треба да се изврши само од
страна на овластената сервисна служба за Bosch-
електрични алати.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Менување на карбонските четки (види слика H)
Откако ќе се искористат карбонските четки, електричниот
апарат сам се исклучува. За промена на карбонските
четки одвртете ги завртките на капакот за затворање 19 и
извадете го капакот 19. Вметнете одвртувач или сл. во
металната спојница на држачот за карбонски четки 20 и
внимателно подигнете го држачот. Извадете ги
употребените карбонски четки и заменете ги. Новите
карбонски четки може да се вметнат со ротирање до 180°.
Лесно притиснете ги надолу вметнатите карбонски четки,
додека не слушнете дека се вклопени. На крај повторно
монтирајте го капакот за затворање 19.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
2
/
од должината
3
Bosch Power Tools