Складирање И Транспорт; Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch AdvancedTableCut 52 Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 39
238 | Македонски
пролизгување на предметот за обработка,
растојанието треба да изнесува помеѓу сечилото за
пила (3) и дополнителниот граничник
(21)максимално 15 mm.
– Подесете го саканиот вертикален агол на закосување
(види „Подесување на вертикалниот агол на
закосување (сечило за пила)", Страница 236).
– Поставете го делот што се обработува на масата за
пилата пред заштитниот капак (4).
– Предметот за обработка држете го цврсто кон
граничникот.
– Вклучете го електричниот алат.
– Повлечете го нанапред сечилото за пила (3)
рамномерно со влечната прачка (10) низ делот за
обработка.
– Повторно вметнете ја влечната прачка наназад.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
Сечење - Употреба како столна пила
Кај столните пили притиснете го предметот за обработка
кон фиксното сечило на пилата наназад.
Овој начин на употреба е соодветен за:
– Должински и напречни резови
– Коси резови
– Должина на резот над 220 mm
Прилагодување за столна пила (види слика L)
При употреба како столна пила, универзалниот
граничник мора да се монтира во двата надворешни
лизгачки жлебови (25) или во лизгачкиот жлеб (24)
(види „Монтирање на универзален граничник (види
слика A)", Страница 234).
При употреба како столна пила сечилото за пила мора да
биде фиксирано на средина на масата за пила.
– Притиснете ја блокадата (11) кон лево и држете ја
притисната. Извлечете ја влечната прачка (10)
нанапред, додека блокадата не се вклопи во првата
позиција за вклопување.
Сечење
– Подесете го саканиот вертикален агол на закосување
(види „Подесување на вертикалниот агол на
закосување (сечило за пила)", Страница 236).
– Само при монтажа на универзален граничник во
лизгачки жлеб (24): Подесете хоризонтален агол на
закосување од 0° (види „Подесување на
хоризонталниот агол на закосување (универзален
граничник) (види слика H)", Страница 236).
– По потреба монтирајте го дополнителниот граничник
(21) на универзалниот граничник (2)(види
„Монтирање на универзален граничник (види слика
A)", Страница 234).
Напомена: При сечење, деловите за обработка може
да се заглават меѓу универзалниот граничник и
сечилото за пила или ланецот за пилата којшто се
1 609 92A 3LB | (08.01.2019)
движи нагоре да ги зафати и исфрли.
Проверете дали дополнителниот граничник (21) е
правилно монтиран (види „Монтирање на
дополнителен граничник (види слика B)",
Страница 234).
– Поставете го делот што се обработува на масата за
пилата пред заштитниот капак (4).
– Вклучете го електричниот алат.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
За тесни парчиња и при сечење на вертикални агли на
закосување секогаш користете ја испорачаната
водечка летва (9) и универзалниот граничник (2).
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
Складирање и транспорт
Чување на електричниот алат (види слика M)
– Притиснете ја блокадата (11) кон лево и држете ја
притисната. Целосно вметнете ја наназад влечната
прачка (10), додека не се вклопи блокадата.
– Ставете ја водечката летва (9) во предвиденото депо
за водечка летва (8).
– Доколку сакате да ги транспортирате неискористените
сечила за пила ставете ги во затворена кутија или во
фиоката за опрема (18).
– Вметнете го дополнителниот граничник (21) во
држачот.
– Вметнете ја подлогата за делот што се обработува (34)
во лизгачкиот жлеб.
– Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел
(20).
Носење на електричниот алат
За транспортирање на електричниот алат,
u
користете ги само уредите за транспорт, а не
заштитниот капак или куката за влечење.
– Секогаш носете го електричниот алат за рачките за
транспортните дршки (7).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Чистење
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido