дополнителната опрема може да се вгради во вашиот
електричен алат, не значи дека може да се обезбеди
безбедно работење.
Утврдената брзина на дополнителната опрема мора
u
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат. Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата
u
дополнителна опрема мора да биде во рамките на
класата на вашиот електричен алат. Дополнителна
опрема со несоодветна величина не може соодветно
да се заштити и контролира.
Навојот за монтирање на дополнителната опрема
u
мора да одговара на осовината за монтирање на
брусилката. За дополнителна опрема која се
монтира со прирабницата, насадениот отвор мора
да одговара на дијаметарот на спојната
прирабница. Дополнителната опрема која не е
соодветна на хардверот на електричниот алат не може
да одржува рамнотежа, заради прекумерните
вибрации и може да предизвика губење на контрола.
Не користете оштетена дополнителна опрема. Пред
u
употреба проверете ја дополнителната опрема,
како на пр., абразивните дискови за иверки и
струготини, заштитната подлога за отвори,
стружење или претерано абење, жичаната четка за
олабавени или пукнати жици. Ако електричниот
алат или дополнителната опрема падне, проверете
дали е оштетена или инсталирајте неоштетена
дополнителна опрема. По проверката и
инсталирањето на дополнителната опрема, вие и
луѓето во близина поместете се подалеку од
површината на ротирачката опрема, и вклучете го
електричниот алат на максимална брзина без
оптоварување една минута. Оштетената
дополнителна опрема вообичаено се расипува во
текот на овој тест период.
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од
u
примената, користете штитник за лице,
безбедносни или заштитни очила. Како што е
соодветно, носете маска за заштита од прашина,
штитници за уши, ракавици и работничка
престилка, којашто ги запира малите абразивни
парчиња или парчиња од делот што го
обработувате. Заштитата за очи мора да овозможи
спречување на остатоци што се распрскуваат при
работењето. Маската против прав или респираторот
мора да ги филтрира честичките што се генерираат
при работењето. Долготрајна изложеност на
интензивна бучава може да доведе до губење на
слухот.
Луѓето во ваша близина треба да бидат оддалечени
u
од работниот простор. Секој што влегува во
работниот простор мора да носи лична заштитна
опрема. Парчиња од делот што го обработувате или
расипана дополнителна опрема може да експлодира и
Bosch Power Tools
распрска и да предизвика повреда надвор од
непосредната работна површина.
Не го оставајте електричниот алат долу додека
u
дополнителната опрема не запре целосно.
Ротирачката опрема може да ја зафати површината и
да го повлече електричниот алат надвор од ваша
контрола.
Не го вклучувајте електричниот алат додека го
u
држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка
дополнителна опрема може да ја закачи вашата
облека, со повлекување на дополнителната опрема
кон вашето тело.
Редовно чистете ги воздушните вентили на
u
електричниот алат. Вентилаторот на моторот
повлекува прав во куќиштето, а претераната
акумулација на метален прав може да предизвика
опасност од електричен удар.
Не работете со електричниот алат во близина на
u
запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат
овие материјали.
Не користете дополнителна опрема за која се
u
потребни течни разладувачи. Користењето вода или
други течни разладувачи може да доведе до смрт или
струен удар.
Тргнете го настрана кабелот од ротирачка
u
дополнителна опрема. Ако изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или закачи и вашата
дланка или рака може да влезе во ротирачката
дополнителна опрема.
Безбедносни предупредувања специфични за жичано
четкање
Внимавајте бидејќи четката исфрла жичани влакна
u
дури и за време на вообичаени операции. Не ги
преоптоварувајте жиците со преоптоварување на
четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во
облека и/или кожа.
Ако се препорачува користење на заштита за
u
жичано четкање, не дозволувајте попречување
меѓу жичаниот диск или четката со заштита.
Жичаниот диск или четка може да се прошират во
дијаметар заради работното оптоварување и
центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни напомени
Носете заштитни очила.
Носете заштитни ракавици.
u
Исклучете го електричниот апарат, доколку
u
настане прекин на струја, на пр. доколку снема
струја или се извлече струјниот приклучок. Со тоа
ќе спречите неконтролирано рестартирање на уредот.
Користете го електричниот алат само за суво
u
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
алат го зголемува ризикот од електричен удар.
Македонски | 153
1 609 92A 4M6 | (21.08.2019)