116 progress
Филтер за масти
Сл. 9-22
Треба да се чисти еднаш во месецот
(или кога системот за покажување
на заситеноста на филтрите – ако е
предвиден со моделот што го имате-
ја покажува оваа потреба), со
неагресивни детергенти, рачно или
во машина за миење садови на ниска
температура и во краток циклус.
Со перењето во машина за миење
на садови металниот филтер за
масти може да ја изгуби малку
бојата но неговите карактеристики за
филтрирање воопшто не се менуваат.
Филтер со активен јаглен
(Само за Варијанта со филтрирање)
Сл. 21
Заситувањето на филтерот од јаглен
настапува по повеќе или помалку
продолжена употреба во зависност
од типот на готвење и редовноста на
чистењето на филтерот за масти. Во
секој случај потребно е да се замени
чаурата најмалку на секои 4 месеци.
НЕ може да се пере или обновува.
Замена на сијалиците
Сл. 24
Исклучете го уредот од струјното
напојување.
Предупредување! Пред да ги
допрете сијаличките проверете
дали се изладени.
Користете само халогенски сијалици од
12V -20W max - G4, имајќи во предвид
да не ги допирате со рацете.