Опис На Производот И Перформансите; Употреба Со Соодветна Намена; Илустрација На Компоненти - Bosch GKT 55 GCE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GKT 55 GCE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 28
Функција на заштитен поклопец
Пред секоја употреба проверете дали е правилно
u
затворен штитникот. Не ракувајте со пилата
доколку штитникот не може слободно да се движи
и веднаш се затвора. Никогаш не го стегајте или не
го врзувајте штитникот додека е отворен. Ако
пилата случајно падне, штитникот може да се извитка.
Осигурајте се дека штитникот слободно се движи и не
го допирајте сечилото ниту некој друг дел, на аглите и
длабочината на засекот.
Проверете ја работата и состојбата на повратната
u
пружина на штитникот. Доколку штитникот и
пружината не функционираат правилно, мора да се
сервисираат пред употреба.Штитникот може
побавно да работи поради оштетени делови, лепливи
наслаги или наталожена нечистотија.
Осигурајте се дека основната подлога на пилата
u
нема да се помести за време на правењето на
„убодни засеци".Страничното поместување на
сечилото може да предизвика навалување и можно
одбивање.
Секогаш внимавајте штитникот да го покрива
u
сечилото пред да ја спуштите пилата на работна
маса или на под.Незаштитено, разлабавено сечило ќе
предизвика враќање на пилата наназад, и сечење на
сѐ со што ќе дојде во допир. Внимавајте на времето
што му е потребно на сечилото откако прекинувачот ќе
се ослободи.
Дополнителни безбедносни напомени
Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може
u
да се повредите од ротирачките делови.
Не работете со пилата над глава. Тогаш немате
u
доволна контрола врз електричниот алат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Не го фиксирајте електричниот алат. Тој не е
u
предвиден за работа на маса за сечење.
Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
u
листови на пила може лесно да се скршат.
Не сечете железни метали. Струготините би можеле
u
да го запалат вшмукувачот за прав.
Bosch Power Tools
Носете маска за заштита од прав.
u
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за правење на должински и
напречни резови на дрво со рамни и коси резови. Со
соодветни сечила за пила може да се сечат и тенки
нежелезни метали (на пр. профили), лесни градежни
материјали и пластика.
Обработката на железни метали не е дозволена.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прекинувач за вклучување/исклучување
(2) Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(3) Лост за менување на сечилото за пила
(4) Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
(5) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(6) Скала за подесување на длабочината на сечење
(7) Основна плоча
(8) Подеслив показател за длабочината на сечење
(9) Скала на закосени агли
(10) Пеперутка-завртка за паралелен граничник
(11) Пеперутка-завртка за претходно избирање на
аголот на косо сечење
(12) Копче за аголот на закосување 47°
(13) Подесливо контролно прозорче за всисувачот
a)
(14) Паралелен граничник
(15) Заштитен капак
(16) Копче за аголот на закосување –1°
(17) Пеперутка-завртка за претходно избирање на
аголот на косо сечење
(18) Исфрлувач на струготини
(19) Рачка (изолирана површина на рачката)
Македонски | 173
a)
1 609 92A 6HM | (10.05.2021)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido