Gorenje TH60E3X Manual De Instrucciones página 96

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 42
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ! Пред извршување на било каква операција за одржување, исклучете го аспираторот од
електричната мрежа со исклучување на приклучокот и отстранување на приклучниот осигурувач.
Или ако уредот е поврзан преку приклучок и штекер, тогаш приклучокот мора да се отстрани од штекер.
Чистење
Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата зачестеност со која се врши одржувањето на филтерот
за маснотии) внатрешно и надворешно. За чистењето користете крпа навлажнета со неутрален течен детергент. Не
користете абразивни производи. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако не се спроведуваат основните препораки за чистење на аспираторот и замена на
филтрите, може да се јави ризик од пожар. Затоа, препорачуваме придржување кон предложените упатства.
Одбиваме секаква одговорност за евентуални оштетувања на моторот или пожар предизвикан со несоодветно
одржување или непочитување на наведените упатствата.
Филтри
Металниот филтер за маснотии ги задржува масните честички од готвењето. Филтерот за маснотии треба да се
чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење садови, на ниска температура и во
краток интервал. Кога се мие во машина за миење садови, металниот филтер за маснотии може да ја изгуби бојата,
но тоа не влијае врз неговите карактеристики на филтрирање. За да го отстраните филтерот за маснотии, повлечете
ја рачката за ослободување.
Филтерот со јаглен (само кај моделот со филтер) апсорбира непријатни миризби предизвикани од готвење. До
заситување на филтерот со јаглен доаѓа по подолга употреба, во зависност од типот на готвење и редовноста на
чистењето на филтерот за маснотии. Во секој случај, потребно е филтерот да се менува најмалку на секои четири
месеци. Филтерот со јаглен НЕ смее да се мие или да се обновува.
Замена на сијалиците
Аспираторот е опремен со систем за осветлување врз основа на ЛЕД технологија. ЛЕД диодите гарантираат
оптимално осветлување во времетраење до 10 пати подолго од традиционалните сијалици и ќе ви овозможат да
заштедите 90% електрична енергија.
Внимание!
За нивната замена обратете се на службата за техничка поддршка.
Совети за штедење енергија
1) Кога ќе почнете да готвите, вклучете го аспираторот на минимална брзина, за да ја контролирате влагата и да ја
отстраните миризбата од готвење.
2) Зголемете го опсегот на брзината на аспираторот само кога е неопходно поради количината на пареа.
3) Одржувајте ги филтерот/ите на аспираторот чисти, за да се оптимизира ефикасноста во однос на маснотиит.
96

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido