Skil 1470 Manual Original página 97

Ocultar thumbs Ver también para 1470:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
! секогаш користете го алатот со целата
површина од ВЕЛКРО покриена со хартија за
брусење
• Вадење прашина/честички 7
- поставете го уредот за вадење прашина D како
што е прикажано
- поврзете ја правосмукалката
! не користете уред за вадење прашина/
правосмукалка кога брусите метал
- чистете го уредот за вадење прашина D редовно за
да постигнете оптимално собирање на прашината
• Вклучено/Исклучено
- вклучувајте/исклучувајте го алатот со притискање
на прекинувачот E 2 во позициите "I"/"O"
! пред дополнителниот дел да го допре делот за
работа, алатот мора да работи со полна брзина
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
• Прилагодување на работната брзина 8
- со тркалото F може да се прилагодување
потребната осцилирачка фреквенција од најмала
(1) до голема (6) (дури и кога алатот работи)
- оптималната работна брзина зависи од
материјалот и може да се одреди преку практични
проби
• Држење и насочување на алатот
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја 9
- отворите за ладење G 2 држете ги отворени
- не применувајте премногу притисок врз алатот
(прекумерниот притисок ќе предизвика
прекумерно загревање и може да го скрати
периодот за употреба на додатокот)
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Користете сегмент со сечиво H 2 за раздвојување и
забивање засеци во дрво, гипс, кнауф и пластика
(исто и за пилење по рабови, на агли и на други
тешко достапни места)
• Користете сечиво за забивање J 2 за раздвојување
и длабоко забивање засеци во дрво, гипс, кнауф и
мека пластика (исто и за пилење по рабови, на агли
и на други тешко достапни места)
• Многу други совети можете да најдете на www.skil.
com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење G 2)
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2002/96/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 0 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
• Со целосна одговорност изјавуваме дека производот
опишан кај "Технички податоци" е усогласен со
следните стандарди или документи за
стандардизација: EN 60745, EN 61000, EN 55014 во
согласност со одредбите во директивите 2004/108/
EG, 2006/42/EG, 2011/65/EУ
• Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/
ENG1), 4825 BD Breda, NL
15.08.2013
БУЧАВА/ВИБРАЦИИ
• Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен
притисок е 92 dB(A) а нивото на звучна моќност
103 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и
вибрација ✱ м/с² (hand-arm метода)
✱ кога чистите 8,8 м/с² (несигурност К = 1,5 м/с²)
✱ со површина за сечиво со забивање 13,9 м/с²
(променливост K = 1,5 м/с²)
✱ со површина за сегмент со сечиво 7,2 м/с²
(променливост K = 1,5 м/с²)
• Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60745; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може да
доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото а изложеност
97

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido