OBJ_BUCH-1325-004.book Page 287 Tuesday, September 13, 2016 1:06 PM
– Завртете ја затегнувачката навртка 42 со прстенестиот
клуч 22 (23 mm) и истовремено затегнете го лостот за
блокада на вретеното 43 додека не се вклопи.
– Држете го стегнат лостот за блокада на вретеното и
завртете ја затегнувачката навртка во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
– Извадете ја стезната прирабница 44.
– Извадете го листот за пилата 26.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете нов лист за пила на приклучната прирабница
46 на вретеното на алатот 45.
Напомена: Не користете премали листови за пила.
Процепот помеѓу листот за пилата и клинот за
расцепување смее да изнесува максимум 5 mm.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Поставете ги затегнувачката прирабница 44 и
затегнувачката навртка 42.
– Завртете ја затегнувачката навртка 42 со прстенестиот
клуч 22 (23 mm) и истовремено затегнете го лостот за
блокада на вретеното 43 додека не се вклопи.
– Затегнете ја затегнувачката навртка во правец на
стрелките на часовникот (вртежен момент на затегање
околу 15–23 Nm).
– Повторно ставете ја плочата за вметнување 24.
– Поместете ја заштитната хауба 6.x надолу.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортна и работна позиција на листот за
пилата
Позиција за транспорт
– Свртете го рачното тркало 18 во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека запците од листот за
пилата 26 не се најдат под масата за пила 9.
– Повлечете ги продолжетоците на масата за пила 14
сосема навнатре.
Притиснете ја затегнувачката дршка 15 надолу.
На тој начин ќе се фиксира продолжетокот на масата за
пила.
Останатите инструкции за транспорт видете ги на
страна 291.
Работна позиција
– Свртете ја курблата 19 во правец на стрелките на
часовникот, се додека запците на листот на пилата 26
не се наоѓаат над предметот за обработка.
Напомена: Осигурете се дека заштитната хауба е
правилно позиционирана. При сечењето, таа секогаш
мора да биде на делот што се обработува.
Bosch Power Tools
Подесување на закосениот агол
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување",
страна 290).
Подесување на вертикалниот агол на закосување
(лист за пилата) (види слика K)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од –2° до 47°.
– Свртете го лостот за блокада 17 во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
Напомена: Доколку целосно го олабавите лостот за
блокада, листот за пилата ќе се навали во положба од
околу 30° под влијание на силата на тежината.
– Повлечете го или притиснете го рачното тркало 18 по
должина на кулисата додека показателот на агли 47 не
го покаже саканиот агол на закосување.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно
затегнете го лостот за блокада 17.
За брзо и прецизно подесување на стандардниот агол
0° и 45° предвидени се фабрички поставените
граничници.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(аголен граничник) (види слика L)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од 60° (на левата страна) до 60° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање 49, доколку е
затегнато.
– Свртете го аголниот граничник додека показателот на
агол 50 не го покаже саканиот агол на закосување.
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 49.
Зголемување на масата за пила (види слика M)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
– Повлечете ја затегнувачката дршка 15 за
продолжетоците на масата за пила сосема нагоре.
– Извлечете го продолжетокот на масата за пила 14 до
саканата должина.
– Притиснете ја затегнувачката дршка 15 надолу.
На тој начин ќе се фиксира продолжетокот на масата за
пила.
Поставување на паралелниот граничник
Паралелниот граничник 10 може да се позиционира на
левата страна (црна скала) или на десната страна
(сребрена скала) од листот на пилата.
Ознаката на лупата 27 го покажува поставеното
растојание на паралелниот граничник кон листот за пилата
на скалата 1.
Позиционирајте го паралелниот граничник на саканата
страна на листот за пилата (види „Монтирање на
паралелниот граничник", страна 285).
Македонски | 287
1 609 92A 2C1 | (13.9.16)