Употреба Со Соодветна Намена; Илустрација На Компоненти - Bosch GKS 10,8 V-LI Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GKS 10,8 V-LI Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
OBJ_BUCH-2006-001.book Page 178 Tuesday, October 8, 2013 10:38 AM
178 | Македонски
 Отворете ја долната заштитна хауба со рака, за
специјални резови како „за резови со вдлабнување
и аголни резови". Отворете ја долната заштитна
хауба со лостот за повлекување и отпуштете го,
штом ќе вдлабне листот на пилата во делот што се
обработува. При секое друго работење со пилата,
долната заштитна хауба треба автоматски да работи.
 Никогаш не ја ставајте пилата на работната маса или
на подот, доколку долната заштитна хауба не го
покрива листот на пилата. Незаштитениот лист на
пилата ќе ја придвижи пилата спротивно од правецот на
сечење и ќе исече се што му стои на патот. Земете го во
обѕир времето потребно за да запре пилата.
Дополнителни сигурносни напомени
 Не ја фаќајте исфрлената струготина со раце. Може
да се повредите од ротирачките делови.
 Не работете со пилата на плафон. Тогаш немате
доволна контрола врз електричниот апарат.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
 Не го фиксирајте електричниот апарат. Тој не е
предвиден за работа на маса за сечење.
 Не користете листови на пила од HSS-челик. Таквите
листови на пила може лесно да се скршат.
 Не сечете железни метали. Струготините би можеле
да го запалат вшмукувачот за прав.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од трајно изложување на сончеви зраци,
оган, вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
1 619 P11 365 | (8.10.13)
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински
и напречни резови на дрво со рамни и коси резови.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Батерија
2 Копче за отклучување на батеријата
3 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
4 Прекинувач за вклучување/исклучување
5 Инбус клуч
6 Копче за блокирање на вретеното
7 Основна плоча
8 Шраф за прицврстување на паралелниот граничник
9 Скала на закосени агли
10 Пеперутка завртка за претходно бирање на аголот на
косо сечење
11 Ознака на резот 45°
12 Ознака на резот 0°
13 Заштитна хауба
14 Рачка (изолирана површина на дршката)
15 Приказ за наполнетоста на батеријата
16 Приказ за контрола на температурата/заштита од
преоптоварување
17 Пеперутка-завртка за претходно бирање на
длабочината на резот
18 Скала за подесување на длабочината на сечење
19 Лост за подесување на заштитната хауба со повратен
механизам
20 Вретено на пилата
21 Заштитна хауба со повратен механизам
22 Приклучна прирабница
23 Лист за кружната пила
24 Стезна прирабница
25 Затезен шраф
26 Лампа „PowerLight"
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

06033c7000

Tabla de contenido