Ставање Во Употреба - Bosch GKS 10,8 V-LI Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GKS 10,8 V-LI Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
OBJ_BUCH-2006-001.book Page 181 Tuesday, October 8, 2013 10:38 AM
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Монтирање на адаптерот за вшмукување
(види слика B)
Прицврстете го адаптерот за вшмукување 29 со шрафот
за прицврстување 28 на основната плоча 7.
На адаптерот за вшмукување 29 може да се приклучи
црево за вшмукување со дијаметар од 19 мм.
 Адаптерот за вшмукување не смее да се монтира
без приклучено надворешно вшмукување. Инаку
каналот за вшмукување може да се запуши.
 На адаптерот за вшмукување не смее да се
приклучува вреќичка за прав. Инаку системот за
вшмукување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување,
адаптерот за вшмукување 29 мора редовно да се чисти.
Надворешно вшмукување
Цревото за вшмукување 30 поврзете го со вшмукувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните
видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од
ова упатство.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
 Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на
делот што се обработува. Под делот што се обработува,
смее да се види помалку од полната висина на запците.
Олабавете ја пеперутка-завртката 17. За помала
длабочина на сечење тргнете го електричниот уред од
основната плоча 7, а за поголема, притиснете го
електричниот уред кон основната плоча 7. Саканата
димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење
18. Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката 17.
При подесувањето на длабочината на резот користете ја
референтната ознака 31 странично на скалата за
подесување на длабочината на резот 18.
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот апарат на
челната страна на заштитната хауба 13.
Отшрафете ја пеперутка-завртката 10. Навалувајте ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на ска-
лата 9. Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката 10.
Bosch Power Tools
При подесување на аголот на косо сечење користете ја
референтната ознака 27 (горниот раб на држачот).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење 18.
Ознаки за сечење
Ознаката за сечење 0° 12 ја прикажува позицијата на
листот од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° 11 ја прикажува позицијата на листот од
пилата при 45°-рез.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
 Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Наполнетата батерија 1 притиснете ја однапред навнатре
во подножјето на електричниот апарат. Целосно вметнете
ја батеријата во подножјето, додека црвената линија не
исчезне и додека батеријата не се заклучи.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 3 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 4 и
држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Кочница за исфрлување од брзина
Вградената кочница за исфрлање од брзина го намалува
вибрирањето на листот за пилата по исклучување на
електричниот апарат.
Приказ за контрола на температурата/заштита од
преоптоварување
Црвениот LED-приказ 16 ви помага да ја заштитите
батеријата од прегревање и моторот од преоптоварување.
Доколку LED-приказот свети 16 непрекинато црвено,
температурата на батеријата е превисока и електричниот
апарат автоматски се исклучува.
– Исклучете го електричниот апарат.
– Оставете ја батеријата да се олади, пред да продолжите
со работата.
Доколку LED-приказот трепка 16 црвено, електричниот
апарат е блокиран и автоматски се исклучува.
Извлечете го електричниот апарат од делот што се
обработува.
Штом се отстрани блокадата, електричниот апарат
продолжува да работи.
Македонски | 181
1 619 P11 365 | (8.10.13)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

06033c7000

Tabla de contenido