Wilo -Rexa FIT Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 428

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 84
mk
ОПАСНОСТ
Опасно по живот доколку работите сами!
Работењето во шахта и тесни простори, како и
работењето каде што има опасност од паѓање се
смета за опасна работа. Не смеете сами да
работите во такви услови! Треба да биде присутно
второ лице за поголема сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Забрането е задржување на лица во
рамките на работниот простор на пумпата!
Додека пумпата работи, таа може да предизвика
(тешки) лични повреди! Затоа не смее никој
премногу да се задржува во работниот простор
додека таа работи. Кога некој е приморан да
навлезе во работниот простор на пумпата, таа
треба да биде исклучена и осигурена да не се
вклучи повторно!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работното коло и вшмукателната наставка
имаат остри рабови!
Може да има остри рабови на работното коло и
вшмукателната наставка. Постои опасност од
исекување на рацете! Треба да носите заштитни
ракавици за да се заштитите од исеченици.
Дефект: Пумпата не работи
1. Прекин во снабдувањето со струја или краток спој/
проблем со заземјувањето на водот или намотката
на моторот.
⇒ Приклучувањето и моторот треба да ги провери
стручен електричар и да ги замени ако е
потребно.
2. Отстранување на осигурувачите, заштитниот
прекинувач на моторот или на уредите за
надгледување
⇒ Приклучувањето и уредите за надгледување
треба да ги провери стручен електричар и да ги
замени ако е потребно.
⇒ Стручен електричар треба да ги вгради и нагоди
заштитниот прекинувач на моторот и
осигурувачите согласно техничките податоци и
да ги врати уредите за надгледување.
⇒ Проверка на работното коло дали се движи
лесно односно чистење на хидрауликата
428
Дефекти, причини и отстранување
3. Надгледувањето на заптивната комора (изборно) го
прекина струјното коло (во зависност од
приклучокот)
⇒ Видете во „Дефект: Протекување на механичката
заптивка, надгледувањето на заптивната комора
јавува дефекти и ја исклучува пумпата"
Дефект: Пумпата работи, по кратко време се
активира заштитата на моторот
1. Погрешно е поставен заштитен прекинувач на
моторот.
⇒ Стручен електричар треба да го провери
нагодувањето на активаторот и ако е потребно
да изврши корекција.
2. Зголемена потрошувачка на струја поради голем пад
на напонот.
⇒ Стручен електричар треба да ги провери
вредностите на напонот за поединечните фази.
Консултирајте се со снабдувачот на
електричната енергија.
3. Има само две фази на приклучувањето.
⇒ Стручен електричар треба да го провери и ако е
потребно да го коригира приклучувањето.
4. Преголема разлика во напонот меѓу двете фази.
⇒ Стручен електричар треба да ги провери
вредностите на напонот за поединечните фази.
Консултирајте се со снабдувачот на
електричната енергија.
5. Погрешна насока на вртење.
⇒ Стручен електричар треба да го коригира
приклучувањето.
6. Зголемена потрошувачка на струја поради заглавена
хидраулика.
⇒ Исчистете ја хидрауликата и проверете го
приливот.
7. Густината на транспортираниот медиум е преголема.
⇒ Консултирајте се со службата за односи со
корисниците.
Дефект: Пумпата работи, нема медиум
1. Нема медиум.
⇒ Проверете го приливот, отворете го засунот.
2. Затнат е приливот.
⇒ Проверете го приливот и одзатнете го.
3. Заглавена е хидрауликата.
⇒ Исчистете ја хидрауликата.
4. Затнат е цевководот или притисочното црево од
притисочната страна.
WILO SE 2019-02

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido