Контрола На Температурата И Прилагодување; Пред Вклучување - Beko CHA 27000 Instrucciones Para El Uso

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1
MK
11. Некои видови зеленчук и овошје се
расипуваат ако ги чувате на температура
околу 0° C. Затоа, завиткајте ги ананасот,
дињите, краставиците, доматите и
сличните производи во полиетиленски
кеси.
12. Добро затворени шишиња со алкохол
мора да се чуваат исправено во затворени
садови. Никогаш не складирајте производи
што содржат запаливи гасови ( на пр. крем
во распрснувач, конзерви под притисок,
итн.) или експлозивни состојки. Постои
опасност од експлозија.
Контрола на температурата и
прилагодување
Работните температури се контролираат со
регулаторот за поставување (слика 5)
сместен на плафонот во одделот на
ладилникот. Поставките може да бидат од
минимум, 1 ... 6, максимум, каде максимум е
најстудената позиција.
Кога уредот се вклучува за првпат,
регулаторот треба да се прилагоди на тој
начин што по 24 часа просечната
температура нема да биде повисока од
+5° C (+41° F). Препорачуваме да го
поставите регулаторот на средина меѓу
минимум и максимум и да набљудувате
дали е постигната саканата температура,
т.е. да вртите кон максимум за да добиете
постудена температура во ладилникот и
обратно. Некои секции во ладилникот може
да бидат постудени или потопли ( како што
е одделот за салата и горниот дел на
внатрешноста) што е сосема нормално.
Нормалната температура за складирање
во замрзнувачот треба да биде -18° C
(0° F). Пониски температури може да се
постигнат со вртење на регулаторот кон
максималната позиција.
Препорачуваме да ја проверувате
температурата со прецизен термометар за
да обезбедите одделите за складирање
храна да се одржуваат на саканата
температура.
Не заборавајте да го спроведете мерењето
многу брзо бидејќи температурата во
термометарот ќе се искачи многу брзо
штом ќе го извадите од замрзнувачот.
Upatstvo za upotreba
Запомнете дека излегува студен воздух, а
внатрешната температура се покачува
секојпат кога ќе ја отворите вратата. Затоа,
не оставајте ја вратата отворена и
затворете ја веднаш штом ќе ставите или
извадите храна.
Во случај кога ќе се наталожи привремен
мраз во ладилникот, намалете ја
температурата на минимум, внимавајќи
истовремено температурата во ладилникот
да биде максимум +5
се стопи наталожениот мраз и уредот
започне со автоматско одмрзнување како
нормална постапка, тогаш може, ако е
потребно, да ја намалите температурата.
Пред вклучување
Финална проверка
Пред да започнете со користење на уредот
проверете дали:
1. ногарките се прилагодени за перфектно
израмнување,
2. внатрешноста е сува и воздухот
слободно циркулира одзади,
3. внатрешноста е чиста како што се
препорачува во „Чистење и грижа",
4. приклучокот е вметнат во штекерот и
има напојување. Кога вратата е отворена,
соодветното внатрешно осветлување ќе се
вклучи.
И, имајте предвид:
5..Ќе слушнете бучава кога ќе се вклучи
компресорот. Течноста и гасовите
затворени во системот на ладилникот
предизвикуваат делумна (бучава), без
оглед дали работи компресорот или не.
Тоа е сосема нормално.
6. Делумно брановидно закосување на
горниот дел на внатрешноста е нормално
заради процесот на производство, тоа не е
дефект.
7. Препорачуваме да го поставите
регулаторот на средина и да ја пратите
температурата за да обезбедите уредот да
ја одржува саканата температура за
чување храна (видете во поглавјето
„Контрола на температурата и
прилагодување").
8. Не ставајте храна во ладилникот веднаш
по вклучување. Почекајте да се постигне
21
0
0
C [41
F]. Штом ќе

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido