Замена На Внатрешната Сијаличка За Осветлување; Чистење И Грижа - Beko CHA 27000 Instrucciones Para El Uso

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1
MK
Никогаш не складирајте производи што
содржат запаливи гасови ( на пр.
распрснувачи, спрејови, итн.) или
експлозивни состојки.
Не покривајте ги полиците со никакви
заштитни материјали кои би можеле да ја
попречат циркулацијата на воздухот.
Не дозволувајте деца да си играат со
уредот или да чепкаат по контролите.
Не попречувајте го заштитникот на фенот во
замрзнувачот за да може да се добие
најдобра можна работа на уредот. (слика 10)
Предупредување!
Уредот има вентилатор за циркулација што
е неопходен за најдобра работа на
замрзнувачот. Вентилаторот не смее да се
блокира (застанува) или да се попречува
со храна или разни пакувања. Блокирање
(застанување) или попречување на
вентилаторот може да резултира во
зголемена температура во внатрешноста
на замрзнувачот (растопување).
Замена на внатрешната
сијаличка за осветлување
(слика 11)
Сијаличката лесно се менува кога не работи.
Прво, проверете дали ладилникот /
замрзнувачот се исклучени од напојување.
Извлечете го приклучокот. Земете рамен
шрафцигер и држете го внимателно без
примена на сила во левиот процеп меѓу
капакот на светилката и внатрешниот дел.
Потоа, притиснете ја рачката на шрафцигерот
внимателно налево сè додека не забележите
дека левата спојница се откачува. Повторете ја
оваа постапка кај десниот процеп, значи,
притиснете ја рачката на шрафцигерот
внимателно надесно. Капакот лесно се вади
кога ќе се разлабават двете страни.
Сијалицата треба да е зашрафена докрај во
фасонката. Приклучете го апаратот во струја.
Ако сепак нема осветлување, набавете нова
сијаличка од 15 Вати (максимум) и со грло за
зашрафување Е14 од локална продавница за
ел. опрема и наместете ја. Внимателно фрлете
ја прегорената сијаличка веднаш.
Наместете го капакот на место штом ќе ја
смените сијалицата. Капакот треба да влезе во
процепите правилно.
Upatstvo za upotreba
Чистење и грижа
1. Препорачуваме да го исклучите уредот
од приклучок за напојување и да го
извлечете кабелот пред чистење.
2. Никогаш не користете остри предмети
или абразивни средства, сапун, домашни
средства за чистење, детергент и средство
за полирање за чистење.
3. Користете топла вода за чистење на
внатрешноста на уредот и избришете за да
се исуши.
4. Користете влажна крпа потопена во
раствор од една лажичка сода бикарбона и
една чаша вода и добро исцедена за
чистење на внатрешноста, а потоа
избришете за да се исуши.
5. Внимавајте водата да не влезе во
кутијата за контрола на температурата.
6. Ако уредот нема да се користи подолго
време, исклучете го, извадете ја храната
исчистете го и оставате ја вратата
полуотворена.
7. Препорачуваме да ги полирате
металните делови на овој производ (т.е.
надворешноста на вратата, страните) со
силиконски восок ( средство за полирање
автомобили) за да го заштитите високо
квалитетниот сјај на бојата.
8. Прашината што ќе се насобере на
кондензаторот од задната страна на
уредот треба да се чисти еднаш годишно
со правосмукалка.
9. Проверувајте ја редовно гумата на
вратата која треба да биде чиста и без
остатоци од храна.
10. Никогаш:
• не чистете го уредот со несоодветни
средства, на пр. производи на база на
бензин,
• не постигнувајте високи температури на
кој било начин,
• не гребете, рибајте и сл. со абразивни
средства.
23

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido