Монтирање
Внимание
Уредот смее да работи дури по целосно
монтирање.
Моторна единица
Монтирање на рачка
1. Ставете го долниот дел од рачката на гумената
манжетна на осовинската цевка од моторната
единица (5).
2. Ставете ја рачката на долниот дел од рачката и
зацврстете ги двата дела со навртки, дискови и
пружински прстени.
Сечило
Монтирање на штитот
1. Металните ливчиња (6-2) се ставаат под штитот
(6-3).
2. Со 4 завртки (6-1) се фиксираат на поделената
оска.
Ножот што е интегриран во штитот (навоен
секач) автоматски ја сече линијата во
оптимална должина.
Монтирање на сечилото
1. Помалата заштита на засекот на штитот се
демонтира.
2. Се вади шината (8-8) и се отстранува
прирабницата (8-5).
3. Сечилото (8-4) се поставува на подвижниот
диск (8-2) на тој начин, што отворот на сечилото
се наоѓа точно на кругот на управувањето на
подвижниот диск.
4. Прирабницата (5) се приклучува на сечилото
на тој начин,што рамната страна покажува кон
сечилото.
5. Завртката за зацврстување (7) се зацврстува на
водечката игла на погонското вратило (1). Потоа
хексагоналниот клуч (3) се вметнува во за таа цел
предвидениот отвор и со клучот се зацврстува со
вртење налево.
6. Завртката се обезбедува со шина.
7. Помалата заштита на засекот повторно се
монтира на штитот.
440407_c
Поставување на бобината
Монтирање на бобината (7)
1. Се отстрануваат шината и прирабницата.
2. Хексагоналниот клуч се вметнува во отворот
на подвижниот диск и со вртење налево се
заштрафува прирабницата на водечката игла на
погонското вратило.
3. Подвижниот диск се заклучува со хексагоналниот
клуч, за да се навлече бобината.
Моторна единица
Поставување на раменскиот ремен
Внимание
За време на работата, секогаш треба да се
користи раменски ремен. Раменскиот ремен
се закачува дури по стартување на моторот во
слободно движење.
1. Раменскиот ремен најпрво се става преку левото
рамо.
2. Куките за затварање се закачуваат во окото (1-2).
3. Се проверува должината на раменскиот ремен со
неколку осцилаторни движења, без да се активира
моторот.
Поставувањето на бобината или на сечилото
треба да се одвиваат паралелно кон тлото.
Комплетен прибор
Монтирање на поделената оска
1. Се разлабавува завртката за зацврстување (9-1) и
малку се извлекува шината (9-2).
2. Долната поделена оска со штитот се става во
горната - запчестото вратило се вметнува на
страната на шината. (9-3).
3. Шината повторно (10-1) се отпушта и се
фиксира долната поделена оска со завртката за
зацврстување (10-2).
Демонтирање на поделената оска
1. Се разлабавува завртката за зацврстување (9-1) и
малку се извлекува шината (9-2).
2. Долната поделена оска со штитникот се извлекува
од горната поделена оска (10-3).
Multitool BC 3030 MT може да се складира со заштеда
на просторот.
MK
505