Чистење; Складирање; Повторно Пуштање Во Употреба; Отстранување - AL-KO BC 330 MT Manual Del Usuario

Ocultar thumbs Ver también para BC 330 MT:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 84
4. Држете ги цврсто завртките со штрафцигерот и
цврсто навртете ги завртките.
Лизгачкото растојание е прилагодено правилно,
кога дискот под главата од завртката уште малку
може да се движи наваму-натаму.
5. Подмачкајте го уредот за сечење со еколошко
масло за подмачкување.
Премалото лизгачко растојание доведува до
преголем развој на топлина, а со тоа и до
оштетувања на уредот.
Подмачкување на вртливата глава
Вртливата глава треба да се подмачкува на секои 20
часа работа на трите точки за подмачкување (18) со
еколошка маст за подмачкување .
Чистење
По секоја употреба, грижливо исчистете
го уредот, за да се одржи беспрекорното
функционирање.
Редовно чистете ги сите подвижни делови.
Чистете го куќиштето со мека четка или со сува
крпа.
Немојте да го чистите куќиштето со течна вода или
чистачи под висок притисок.
За деловите од пластика, немојте да употребувате
разредувачи (бензин, алкохол итн.), бидејќи тие
можат да ги оштетат деловите од пластика.
Одржувајте ги рачките без присуство на масло и
маст. Не смеат да се користат вода, разредувачи и
средства за полирање.
Внимавајте на тоа, отворите за вентилација на
ладењето на моторот да бидат слободни (опасност
од прегревање).
Складирање
ВНИМАНИЕ -
Опасност од пожар и експлозија!
Уредот да не се складира пред отворен пламен
и извори на топлина.
ВНИМАНИЕ -
Опасност од пожар и експлозија!
Машината, којашто е наполнета со гориво,
не треба да се чува во згради, во кои
испарувањата од бензин можат да дојдат во
допир со отворен оган или искри!
Пред складирање на подолго време (преку зима),
резервоарот за бензин треба да се испразни
Резервоарот за бензин се празни само на отворено
440407_c
Пред складирање, моторот се остава да се излади
1. Се празни резервоарот.
2. Се стартува моторот и се остава слободно да
работи, додека не запре.
3. Моторот се остава да се излади.
4. Свеќичката се одвртува со клуч за свеќички.
5. Се полни една кафена лажичка 2-тактно масло во
комората за согорување.
6. За расподелување на маслото во внатрешноста
на моторот, стартната сајла треба повеќепати да
се повлече.
7. Свеќичката повторно се навртува.
8. Уредот уредно се чисти и се одржува.
9. Уредот се складира на ладно, суво место
Повторно пуштање во употреба
1. Се отстранува свеќичката.
2. Стартната сајла брзо се повлекува, за да се
отстрани преостанатото масло од комората за
согорување.
3. Свеќичката се чисти, се проверува растојанието
меѓу електродите, во случај на потреба се
заменува.
4. Уредот се подготвува за употреба.
5. Резервоарот се полни со соодветната мешавина
гориво-масло.
Отстранување
Старите уреди не треба да се
отстрануваат како домашен
отпад!
Амбалажата, уредот и додатната опрема се
направени од материјал што се рециклира и треба
да се отстранат на соодветен начин.
MK
513

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido