AL-KO BC 330 MT Manual Del Usuario página 511

Ocultar thumbs Ver también para BC 330 MT:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 84
Поставување на карбуратор
Карбураторот е фабрички поставен оптимално.
Менување на свеќичка
Растојание меѓу електродите на свеќичката (21) =
0,635 mm [0.025"].
1. Свеќичката се поставува со вртежен момент од
12-15 Nm.
2. Приклучокот за свеќичката се поставува на
свеќичката.
Поставување на бобината
Менување на бобината
1. Притиснете ги двете брави на капакот од бобината
и извадете го капакот од бобината (22).
2. Извадете ја бобината од капакот на бобината.
3. Отстранете ја нечистотијата и остатоците од
трева.
4. Провлечете ги краевите од лентите за сечење на
новата бобина во за таа цел предвидените отвори
во капакот на бобината.
5. Вметнете ја бобината со пружината во капакот на
бобината. Внимавајте лентите за сечење да не се
заглават и извлечете ги околу 9 cm од бобината.
6. Поставете го капакот од бобината на бобината.
Жлебовите на капакот од бобината треба да се
наоѓаат над бравите. Притиснете го капакот од
бобината надолу, сè додека не се фиксира.
Менување на секачот со лента
1. Одвртете ги завртките и извадете го стариот секач
со лента (23).
2. Навртете го новиот секач со лента .
3. Не ги навртувајте завртките премногу силно.
Острење на секачот со лента
1. Секачот со лента се разлабавува од штитот.
2. Секачот со лента се зацврстува со менгеме и се
наострува со плосната турпија.
Се бруси само во една насока!
Поставување на градинарскиот нож
Полнење на масло за синџирот
Резервоарот за масло на градинарскиот нож не се
испорачува со масло за синџирот.
440407_c
Никогаш немојте да го употребувате
градинарскиот нож без подмачкување на
синџирот!
Употребата без масло за синџирот доведува до
оштетување на синџирот и на водечките шини.
Траењето на учинокот при сечењето на синџирот
зависи од оптималното подмачкување. За време на
работата, синџирот автоматски се навлажнува со
масло.
Поставете го градинарскиот нож на соодветна
подлога.
1. Одвртете го капакот (17-1).
2. Наполнете го резервоарот за масло со биолошки
разградливо масло за синџир. Употребувајте инка
за полесно полнење.
При полнењето внимавајте на тоа, никаква
нечистотија да не влезе во резервоарот за масло.
3. Повторно навртете го капакот.
4. Никогаш немојте да користите рециклирано или
старо масло. При користење на недозволено
масло за синџирите, гаранцијата се губи
Проверка на подмачкувањето на синџирот
Проверете ја функцијата на автоматското
подмачкување на синџирот, така што ќе го вклучите
градинарскиот нож и ќе го држите со врвот во правец
на некој картон или хартија на подот.
Не го допирајте тлото со синџирот! Одржувајте
безбедно растојание од 20 cm.
Доколку при проверката се покаже трага на зголемено
ниво на масло, автоматиката за масло работи
беспрекорно.
Доколку и покрај полниот резервоар за масло не се
покаже трага од масло
каналот за проток на масло и отворот за
затегнување на маслото треба да се исчистат
подмачкувањето се прилагодува како што
е опишано во поглавјето „Регулирање на
подмачкувањето на синџирот"
Доколку ова не покаже успех. Обратете се до
корисничкиот сервис.
Регулирање на подмачкувањето на синџирот
Подмачкувањето на синџирот е фабрички
прилагодено. Во зависност од видовите на дрво и
техниките на работа, количината на масло може да
варира и мора да се коригира.
MK
511

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido