OBJ_BUCH-2154-002.book Page 220 Monday, June 16, 2014 2:55 PM
220 | Македонски
Добро чувајте го неискористениот електричен
апарат. Местото на складирање мора да биде суво и
затворено. Ова го спречува оштетувањето на
електричниот уред за време на складирањето или тој да
биде ракуван од страна на неискусни лица.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
Електричниот апарат не го користете доколку
кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот
кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку
кабелот се оштети за време на работењето.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознаки и нивно значење
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот уред. Доколку
дојдете во контакт со листовите за
пила постои опасност од повреда.
Носете маска за заштита од прав.
Носете заштитни очила.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
влијае на губењето на слухот.
Опасна зона! Држете ги дланките,
прстите или рацете колку е можно
подалеку од оваа зона.
1 609 92A 0HN | (16.6.14)
Ознаки и нивно значење
Сечење на вертикални агли со
закосување:
За поместување на подесливата
гранична водилка мора да се олабави
средната завртка за фиксирање.
Двете надворешни завртки за
прицврстување не смеат да се
олабавуваат!
Внимавајте на димензиите на листот за
пилата. Дијаметарот на отворот мора
точно да биде наместен на вретеното на
вретеното на алатот. Не користете
адаптери или редуктори.
Не ги фрлајте електричните апарати во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и
електронски уреди и нивна национална
употреба, електричните апарати што се
вон употреба мора одделно да се
собираат и да се рециклираат на
еколошки прифатлив начин.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински
и напречни резови на цврста подлога со прав рез во дрво,
како фиксен уред. Притоа, можени се хоризонтални агли
на закосување од–47° до +47° како и вертикални агли на
закосување од0° до 45°.
Капацитетот на електричниот апарат е предвиден за
сечење на тврдо и меко дрво, како и иверки и фибер
плочи.
Со користење на соодветни листови за пила, можно е и
сечење на алуминиумски профили и пластика.
Bosch Power Tools