202 | Македонски
Работниот напон е 230 V AC, 50 Hz (за земји вон ЕУ 220 V
или 240 V) во зависност од моделот. Употребувајте само
одобрени продолжни кабли. За подетални информации
обратете се во Вашиот Бош сервис.
Кога сакате да ја користите високопритисната пералка со
продолжен кабел, димензиите на кабелот треба да
изнесуваат:
2
– – 2,5 mm
до max. 25 m должина
За дополнителни иформации контактирајте лиценциран
електричар или најблискиот Bosch сервис.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните
продолжни кабли можат да бидат опасни.
Продолжниот кабел, утикачот и спојот со
продолжниот кабел мораат да бидат водоотпорни.
Кабелските врски (приклучник и приклучница) треба да
бидат суви и да не лежат на теренот.
За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД)
кој се активира на отстапување од 30 mA. Резидуалниот
уред треба да се проверува пред секоја употреба
Доколку напојниот кабел е оштетен мора да го поправи
исклучиво Бош електричар.
Имајте на ум дека овој уред не смее да работи без вода.
Употреба
Вклучување
Монтирајте го доводното црево (не е вклучено со самата
машина) на славина и на уредот.
Осигурајте се дека прекинувачот е во положба „0" и
поврзете го уредот на струја.
Отворете ја славината.
Откочете го безбедносниот откочувач (на задната страна
од дршката на пиштолот) за да го ослободите чкрапалото.
Притиснете го чкрапалото и држете го така се додека
водата не протече непрекинато и додека се не истисне
целиот воздух од уредот и од високопритисното црево.
Пуштете го чкрапалото. Притиснете го безбедносниот
закочувач (на предната страна од дршката на пиштолот).
Свртете го главниот прекинувач. Насочете го пиштолот
надолу. Притиснете го безбедносниот закочувач за да го
откочите чкрапалото. Притиснете го чкрапалото до крај.
Аутостоп функција
Моторот на уредот автоматски се исклучува кога се
отпушта чкрапалото.
Совети при работењето
Општи упатства
Никогаш не употребувајте го ротирачкиот додаток или
u
точкастиот сноп за чистење на моторни возила.
Осигурајте се дека притисната пералка е на ниво со
подот.
F 016 L81 843 | (29.05.2018)
Не тегнете го високопритисното црево и не влечете ја
високопритисната пералка за цревото. Во таков случај
пералката не е стабилна и може да се преврти.
Не газете го високопритсното црево и не возете преку
него. Заштитете го високопритисното црево од оштри
агли и рабови.
Предупредување! Мијалката за тераси е погодна само за
чистење равни површини! Не користете ја за скали.
Никогаш не допирајте ја ротирачката млазница додека
работи!
Совети за работа со детергенти
Користете само детергенти соодветни за употреба
u
со високопритисни пералки.
Препорачуваме штедлива употреба на детергент, со цел
на заштита на животната средина. Прочитајте го
упатството за растворање на детергентот.
Со оваа високопритисна пералка вклучено се продава и
лизгач за дозирање на детергентот. Регуллирањето се
врши според потребата.
Препорачан начин на чистење
Чекор 1: Натопете ја нечистотијата
Монтирајте го додатокот за пена и повремено нанесувајте
детергент.
Чекор 2: Отстранување на нечистотијата
Испрскајте ја олабавената нечистотија со јак млаз.
Совет: Чистете оддолу нагоре. Плакнете одгоре надолу.
Користење на алтернативни извори на вода
Оваа високопритисна пералка е самовсмукувачка и дава
можност за црпење вода од резервари и извори. Многу е
ВАЖНО Бош филтерот да е исчистен и заменет и да се
употребува само чиста вода.
Отворени резервари и природни извори
Употребувајте го додатокот за самостојно дозирање, кој
се состои од:
– Влезна цедилка со неповратен вентил
– 3 м ојачано црево
– Универзална спојка за чистење под притисок
Со овој додаток високопритисната пералка може да црпи
вода од 0,5 м над нивото на водата. Ова може да трае 15
секунди.
Целосно потопете го трометражното црево во вода за да
излезе од него сиот воздух. Поврзете го трометражното
црево со високопритисната пералка и осигурајте се дека
влезната цедалка останува во вода.
Оставете ја високопритисната пералка да работи со
отстранет пиштол, се додека водата не почне
рамномерно да тече од високопритисното црево. Ако
после 25 секунди сеуште нема вода, згаснете го уредот и
проверете ги сите спојки. Ако водата тече, згаснете ја
високопритисната пералка и монтирајте ги копјето и
пиштолот за употреба.
Bosch Power Tools