OBJ_BUCH-185-006.book Page 173 Thursday, June 9, 2016 10:28 AM
Отворете ја долната заштитна хауба со рака, за
специјални резови како „за резови со вдлабнување
и аголни резови". Отворете ја долната заштитна
хауба со лостот за повлекување и отпуштете го,
штом ќе вдлабне листот на пилата во делот што се
обработува. При секое друго работење со пилата,
долната заштитна хауба треба автоматски да работи.
Никогаш не ја ставајте пилата на работната маса или
на подот, доколку долната заштитна хауба не го
покрива листот на пилата. Незаштитениот лист на
пилата ќе ја придвижи пилата спротивно од правецот на
сечење и ќе исече се што му стои на патот. Земете го во
обѕир времето потребно за да запре пилата.
Функција на клинот за расцепување
Употребете соодветен лист за пила за клинот за
расцепување. За да има ефект користењето на клинот
за расцепување, сечилото на листот за пилата мора да
биде потенко од клинот за расцепување, а ширината на
запците да биде поголема од дебелината на клинот за
расцепување.
Подесете го клинот за расцепување како што е
опишано во упатството за употреба. Погрешната
дебелина, позиција и израмнување може да бидат
причина, клинот за расцепување да не може да го
спречи повратниот удар.
Секогаш користете клин за расцепување, освен при
резови со вдлабнување. Откако ќе го направите резот
со вдлабнување, повторно монтирајте го клинот за
расцепување. Клинот за расцепување пречи при
правење резови со вдлабнување и може да предизвика
повратен удар.
За да има ефект користењето на клин за
расцепување, мора да се наоѓа во резниот процеп.
При кратки резови, користењето на клин за
расцепување нема ефект за спречување на повратен
удар.
Не ја користете пилата со свиткан клин за
расцепување. Дури и мала пречка може да го забави
затворањето на заштитната хауба.
Дополнителни сигурносни напомени
Не ја фаќајте исфрлената струготина со раце. Може
да се повредите од ротирачките делови.
Не работете со пилата на плафон. Тогаш немате
доволна контрола врз електричниот апарат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
Не го фиксирајте електричниот апарат. Тој не е
предвиден за работа на маса за сечење.
Bosch Power Tools
Не користете листови на пила од HSS-челик. Таквите
листови на пила може лесно да се скршат.
Не сечете железни метали. Струготините би можеле
да го запалат вшмукувачот за прав.
При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Електричниот апарат не го користете доколку
кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот
кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку
кабелот се оштети за време на работењето. Оште-
тениот кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински
и напречни резови на дрво со рамни и коси резови. Со
соодветни листови за пила може да се сечат и тенки
нежелезни метали, напр. профили.
Обработката на железни метали не е дозволена.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
3 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
4 Копче за блокирање на вретеното
5 Скала на закосени агли
6 Инбус клуч
7 Пеперутка завртка за претходно бирање на аголот на
косо сечење
8 Пеперутка завртка за паралелниот граничник
Македонски | 173
1 609 92A 2AU | (9.6.16)