Bosch GKS 160 Professional Manual Original página 176

Ocultar thumbs Ver también para GKS 160 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
OBJ_BUCH-185-006.book Page 176 Thursday, June 9, 2016 10:28 AM
176 | Македонски
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Монтирање на адаптерот за вшмукување
(види слика F)
Ставете го адаптерот за вшмукување 28 на исфрлувачот
за струготини 16 додека не се вклопи. На адаптерот за
вшмукување 28 може да се приклучи црево за
вшмукување со дијаметар од 35 мм.
 Адаптерот за вшмукување не смее да се монтира
без приклучено надворешно вшмукување. Инаку
каналот за вшмукување може да се запуши.
 На адаптерот за вшмукување не смее да се
приклучува вреќичка за прав. Инаку системот за
вшмукување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување,
адаптерот за вшмукување 28 мора редовно да се чисти.
Надворешно вшмукување
Цревото за вшмукување 32 поврзете го со вшмукувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните
видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од
ова упатство.
Електричниот апарат може да се приклучи директно на
конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за
далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот апарат.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
 Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, смее да се види помалку од полната
висина на запците.
Отпуштете го затезниот лост 25. За помала длабочина на
сечење тргнете ја пилата од основната плоча 14, а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча 14.
Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на
сечење. Повторно цврсто стегнете го затезниот лост 25.
1 609 92A 2AU | (9.6.16)
Затезната сила на затезниот лост 25 може дополнително
да се подеси. Притоа отшрафете го затезниот лост 25 и
повторно зашрафете го поместен за најмалку 30° во
правец спротивен на стрелките на часовникот.
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот апарат на
челната страна на заштитната хауба 17.
Олабавете ги пеперутка-навртките 7 и 15. Навалувајте ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на ска-
лата 5. Повторно затегнете ги пеперутка-навртките 7 и 15 .
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење 26.
Ознаки за сечење
45
0
Ознаката за сечење 0° 10 ја прикажува позицијата на
листот од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° 9 ја прикажува позицијата на листот од пилата
при 45°-рез.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро
е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изво-
рот на струја мора да одговара на оној кој е наведен
на спецификационата плочка на електричниот уред.
Електричните апарати означени со 230 волти исто
така може да се користат и на 220 волти.
Проверете како е поставен клинот за расцепување пред
употребата на електричниот апарат.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 2 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 1 и
држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 1 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Совети при работењето
Заштитете ги листовите за пилата од удари.
45
0
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido