Вшмукување На Прав/Струготини - Bosch GKS 160 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GKS 160 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
OBJ_BUCH-185-006.book Page 175 Thursday, June 9, 2016 10:28 AM
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ETM9,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
Ставање/менување на листот за кружната пила
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
 Користете само листови за пила, кои одговараат на
карактеристичните податоци дадени во ова
упатство за употреба.
 Во никој случај не користете дискови за брусење
како алат за вметнување.
Бирање на листот за пилата
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Демонтажа на листот на пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите електрич-
ниот апарат на челната страна од куќиштето на моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 4 и
држете го притиснато.
 Копчето за блокирање на вретеното 4 активирајте го
само доколку вретеното на пилата е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
– Одвртете го 6 затезниот шраф 19 со инбус клуч во
правец на вртење .
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 12 и држете ја цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница 20 и листот за пилата
21 од вретеното на пилата 23.
Монтирање на листот за пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите електрич-
ниот апарат на челната страна од куќиштето на моторот.
– Исчистете го листот за пилата 21 и сите стезни делови
што се монтираат.
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 12 и држете ја цврсто.
– Поставете го листот на пилата 21 на приклучната
прирабница 22. Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на листот за пилата) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитната хауба 17.
Bosch Power Tools
– Поставете ја стезната прирабница 20 и зашрафете го
затезниот шраф 19 во правец на вртење . Внимавајте
на правилна положба на монтирање на приклучната
прирабница 22 и стезната прирабница 20.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 4 и
држете го притиснато.
– Зацврстете го 6 затезниот шраф 19 со инбус клуч во
правец на вртење . Моментот на затегање треба да
изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегање
плус ¼ вртење.
Подесување на клинот за расцепување
(види слики B
C)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Секогаш користете клин за расцепување, освен при
резови со вдлабнување. Клинот за расцепување го
спречува заглавувањето на листот за пилата при
сечење.
Поставувањето се врши при минимална длабочина на
резот, види „Подесување на длабочината на сечење",
страна 176.
Најдобро е да го поставите електричниот апарат на
челната страна на заштитната хауба 17.
Олабавете го затезниот лост 25, извлечете ја пилата од
основната плоча 14 повторно затегнете го затезниот лост
25 .
Олабавете го шрафот 24, поставете го клинот за
расцепување 13 на димензиите наведени на сликата и
зацврстете го шрафот 24 со момент на стегање од
8–9 Nm.
Монтажа/демонтажа на клинот за расцепување
За демонтажа на клинот за расцепување 13 олабавете го
шрафот 24 и извадете го клинот за расцепување 13.
За монтажа - ставете го клинот за расцепување 13 и
фиксирајте го со шрафот 24. На крај проверете како е
поставен клинот за расцепување, како што е претходно
опишано.
Вшмукување на прав/струготини
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
Македонски | 175
1 609 92A 2AU | (9.6.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido