Електрична Безбедност - Skil F0150780 Serie Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 62
• Секогаш држете ја моторната пила со својата
десна рака на задната дршка и со левата рака на
предната дршка. Ако ја држите моторната пила
обратно, се зголемува ризикот од лична повреда и
не смее никогаш да се направи така.
• Држете го алатот само за изолираните
површини за зафаќање бидејќи моторната пила
може да дојде во контакт со сокриените жици
или со својот кабел. Ако моторната пила дојде во
контакт со жица под напон, може да ги
електрифицира металните делови на алатот и да
предизвика електричен удар на операторот.
• Носете заштитни очила и акустичка заштита. Се
препорачува и заштитна опрема за главата,
рацете, нозете и стапалата. Соодветната заштитна
облека ќе го намали ризикот од лична повреда
предизвикана од разлетаниот отпад или случајниот
контакт со моторната пила.
• Не работете со моторната пила на дрво. Работата
со моторната пила на дрво доведува до лична
повреда.
• Секогаш одржувајте соодветно стојалиште кога
работите со моторната пила стоејќи само на
фиксна, безбедна и рамна површина. Лизгавите и
нестабилни површини како што се скалила може да
предизвикаат да ја загубите рамнотежата или
контролата врз моторната пила.
• Кога сечете затегната гранка, внимавајте на
повратното заклатување на гранката. Кога
затегнатоста во крошната на дрвото ќе попушти,
гранката може да го удри операторот и/или да ја
отфрли контролата врз моторната пила.
• Обрнете исклучително внимание кога сечете
грмушки и фиданки. Виткиот материјал може да ја
зафати моторната пила и да да ја зафрли кон вас или
да ви ја измести рамнотежата.
• Носете ја моторната пила за предната рачка кога
е исклучена и подалеку од телото. Секогаш
ставајте го капакот на лостот за синџирот кога ја
пренесувате или одложувате моторната пила.
Правилното ракување со моторната пила ќе ја
намали можноста од случаен контакт со синџирот
кога тој се движи.
• Следете ги упатствата за подмачкување,
затегнување на синџирот или за менување на
дополнителната опрема. Неправилно затегнат или
подмачкан синџир може или да се скине или да ја
зголеми можноста од повратен удар.
• Одржувајте ги рачките суви, чисти и без масло и
маст на нив. Замастените, мрсни рачки се лизгави и
може да предизвикаат да ја загубите контролата.
• Сечете само дрво. Не користете ја моторната
пила за нешто за што не е наменета (на пр. не
користете ја за сечење пластика, ѕидани
конструкции или градежни материјали што не се
од дрво). Употребата на моторната пила за работи
коишто се поинакви од наменетите може да доведе
до ризични состојби.
ПРИЧИНИ ЗА ПОВРАТЕН УДАР И ЗАШТИТА НА
ОПЕРАТОРОТ
• Повратниот удар може да се појави кога носот или
врвот на лостот за водење допре до предмет или
кога ќе се заглави дрво и ќе го зафати синџирот на
пилата при сечењето
• Контактот на врвот во некои случаи може да
предизвика неочекувана повратна реакција со што
лостот ќе се отфрли нагоре и надолу кон операторот
• Заглавувањето на синџирот на пилата долж врвот на
лостот може да го потисне лостот неочекувано
наназад кон операторот
• Секоја од овие реакции може да предизвика да ја
загубите контролата врз пилата со што може да
дојде до сериозна лична повреда (не ослонувајте се
само на безбедносните уреди коишто се вградени во
пилата; како оператор со пила, треба да преземете
дополнителни чекори коишто ќе обезбедат работа
без несреќи или повреди)
• Повратниот удар е резултат на неправилна употреба
на алатот и/или несоодветна работна постапка или
услови, а може да се избегне ако ги преземете
неопходните безбедносни мерки како што е
посочено подолу.
- одржувајте цврст зафат со палците и прстите
обвиткани околу држачите на пилата и со
двете раце на пилата, но и поставете ги телото
и рацете на начин на којшто ќе може да
пружат отпор на силите на повратниот удар
(силата на повратниот удар ја контролира
операторот ако ги преземе соодветните мерки на
претпазливост, не испуштајте ја пилата)
- не пресегајте се и не сечете над висината на
рамото (така се спречува ненамерен контакт со
врвот и се овозможува подобра контрола врз
пилата во неочекувани ситуации)
- користете само лостови и синџири за замена
коишто ги одредува производителот
(неправилно заменетите лостови и синџири може
да доведат до кинење на синџирот и/или повратен
удар)
- следете ги упатствата за острење и
одржување на производителот коишто се
однесуваат за пилата (намалување на
стандардизираната висина може да доведе со
посилен повратен удар)
ЛИЧНА ЗАШТИТА
• Се препорачува операторот прво да има практична
обука за употреба на пилата и заштитна опрема
којашто ќе му ја обезбеди искусен оператор.
Првичната работа треба да биде со сечење гранки
на магарица за сечење или на трупче
• Не допирајте го синџирот додека се движи
• Не работете со пилата во близина на други луѓе,
деца или животни
• Не работете со пилата ако сте пиеле алкохол или
ако сте под влијание на токсични лекови или
медикаменти
• Обезбедете децата да не си играат со алатот
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
• Приклучете го електричниот алат со помош на
автоматскиот прекинувач за излегување на струјата
(F) посилно од 30 mA
181

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0780

Tabla de contenido