Skil F0150780 Serie Manual Original página 183

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 62
- внимавајте нечистотија или отпад да не влезат во
резервоарот
- ставете го капачето на резервоарот за масло и
затегнете го
! проверете го нивото на маслото пред почеток
и редовно во текот на работата; дополнете
масло само кога нивото на маслото е под
индикаторот N
- едно полнење на резервоарот со масло трае
околу 15 минути во зависност од интензитетот на
пилење и прекините
- никогаш не користете рециклирано/старо масло
• Водилка за кабелот @
- закачете ја куката на продолжниот кабел над
водилката P како што е прикажано
- повлечете цврсто за да го обезбедите
продолжниот кабел
• Вклучено/Исклучено #
- вклучете ја машината прво со притискање на
безбедносниот прекинувач Q и потоа повлечете го
прекинувачот за активирање R
- исклучете го алатот со пуштање на прекинувачот
R
! не застанувајте ја пилата по сечење со
активирање на предната рачна заштита S 2 (=
сопирачка при повратен удар)
• Сопирачка при повратен удар $
Сопирачката при повратен удар е безбедносен
механизам којшто се активира преку предната рачна
заштита S кога ќе дојде до повратен удар ->
синџирот веднаш запира
Следната проверка на функциите треба да се
извршува на редовни интервали:
- притиснете ја предната рачна заштита S напред и
вклучете ја пилата -> синџирот не смее да се
придвижи
- пуштете го прекинувачот за активирање за да ја
дезактивирате сопирачката при повратен удар R и
повлечете ја рачната заштита S назад
• Работа со алатот %
- секогаш држете ја моторната пила цврсто со
двете раце (предниот држач T со левата рака, а
задниот држач U со десна рака). Никогаш не
работете со пилата само со една рака %a
- проверете дали кабелот за напојување е поставен
одзади и подалеку од синџирот и дрвото; така
поставен нема да се зафати во гранките за време
на сечењето
! синџирот мора да се движи со полна брзина
пред да го допре дрвото
- користете метални запци за зафаќање V за да ја
обезбедите пилата врз дрвото пред да почне да
сече %a
- користете ги запците за зафаќање како точка за
порамнување (✱) при сечење %a
- ресетирајте ги запците на пониска точка кога
сечете подебели трупци со тоа што ќе ја повлечете
пилата малку наназад за да се ослободат запците
и потоа поставете на на пониско ниво за да
продолжите со сечење. Не тргајте ја пилата
сосема од дрвото
- не применувајте сила врз синџирот додека сечете.
Оставете го синџирот да работи со запците за
зафаќање V и применете минимален притисок за
порамнување
- користете ја пилата само ако стоите безбедно
- држете ја пилата оддесно на телото %б
- не работете со пилата со истегнати раце или во
обид да достигнете области што се високо или на
скалило %в
- никогаш не користете ја пилата над висината на
рамото %г
- сечењето е оптимално кога брзината на синџирот
е непроменлива во текот на сечењето
! внимавајте кога ќе дојдете до крајот на
сечењето; тежината на пилата може да се
смени неочекувано кога ќе се ослободи од
дрвото (може да дојде до повреда на нозете
или стапалата)
! секогаш вадете ја пилата од дрвото додека таа
работи
• Сечење трупци
- потпрете ги трупците така што составните страни
на пресекот нема да се склопат една кон друга;
тоа доведува до заглавување или закачување на
синџирот
- поставете кратки трупци пред пилењето
- кога сечете, секогаш обрнувајте внимание да не
удирате во камења, клинци и слично бидејќи тие
може да се отфрлат или да предизвикаат
оштетување на синџирот или сериозна повреда на
операторот и луѓето во близина
! одржувајте го синџирот во движење подалеку
од жичена ограда или од земјата
- сечењата по должина мора да се извршуваат
внимателно бидејќи порамнувањето со запците за
зафаќање V 2 не е можно; сечете под рамен агол
за да избегнете повратен удар
- постои голем ризик од несреќи кога сечете дрво,
гранка или дрвја коишто се затегнати; обрнете
исклучително внимание (оставете ги овие
работи на професионалци)
• Делкање на трупец (сечење трупец по должина)
- кога е можно, трупецот треба да биде исправен и
потпрен со гранки, други трупци или клинови
- важно е да обезбедите цврсто стојалиште и
рамномерно да ја распоредите тежината на двете
нозе
- кога трупецот ќе биде потпрен по целата должина
како што е прикажано на сликата, тој се сече
одгоре(делкање одгоре) ^a
- кога трупецот е потпрен од едната страна како
што е прикажано на сликата, исечете 1/3 во
дијаметар одоздола (долно делкање) и потоа
направете го завршното сечење со тоа што ќе
дојдете до првото засекување ^б
- кога трупецот е потпрен од двете страни како што
е прикажано на сликата, исечете 1/3 во дијаметар
одозгора (горно делкање) и потоа направете го
завршното сечење на останатите 2/3 со тоа што ќе
дојдете до првото засекување ^в
- кога делкањето е на закосен терен, секогаш
стојте на повисоката страна на трупецот
183

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0780

Tabla de contenido