Skil F0150780 Serie Manual Original página 182

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 62
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Користете само продолжен кабел којшто е наменет
за работа на отворено и е опремен со водоотпорен
приклучок и штекер во форма на запалка
• Користете само продолжни кабли со максимална
должина од 20 метри (1,5 мм²) или 50 метри (2,5 мм²)
• Секогаш исклучете ја машината и исклучете го
приклучокот од штекерот ако кабелот за напојување
со ел. енергија или продолжниот кабел се пресечени,
оштетени или заплеткани (не допирајте го кабелот
пред да го исклучите приклучокот)
• Заштитете го (продолжниот) кабел од топлина,
масло и остри рабови
• Никогаш не користете кабел за носење, бесење на
алатот или за извлекување на штекерот од
мрежниот приклучок
• Проверувајте го кабелот од време на време и
повикајте квалификувано лице да го смени ако е
оштетен
• Проверувајте го продолжниот кабел од време на
време и сменете го ако е оштетен (несоодветните
продолжни кабли се опасни)
• Не користете го алатот ако прекинувачот не се
вклучува и исклучува. Оштетениот прекинувач може
да го смени само квалификувано лице
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Секогаш исклучете ја машината и исклучете го
приклучокот од штекерот ако кабелот за напојување
со ел. енергија или продолжниот кабел се пресечени,
оштетени или заплеткани (не допирајте го кабелот
пред да го исклучите приклучокот)
5 Не изложувајте го алатот на дожд
6 Носете заштитни очила и заштита за ушите
7 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
8 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Составување 9
! не поврзувајте ја моторната пила во струја ако
не е составена целосно
! секогаш користете ракавици кога работите со
синџирот
- поставете ја моторната пила на соодветна, рамна
површина
- извадете ја плочата на капакот A вртејќи го
копчето за заклучување B обратно од правецот на
стрелките на часовникот
- лизнете го синџирот C во процепот околу лостот D
! проверете дали синџирот е во точниот правец
за движење споредувајќи го со симболот за
синџирот E
- наместете го синџирот на погонот со запченикот F
и лостот за водење D така што копчето за
затегнување G и двете перки за наведување H ќе
легнат на клиновите на лостот D, а клинот за
затегнување на синџирот J ќе влезе во
соодветниот отвор на лостот D
- ако е неопходно, свртете го копчето за
затегнување K за да го порамните клинот за
затегнување J со отворот на лостот D
- проверете дали сите делови се поставени
правилно и ги одржуваат синџирот и лостот во
рамна положба
- вртете го копчето за затегнување K додека снема
разлабавеност во синџирот
- поставете ја плочата на капакот A како што е
прикажано на сликата
- затегнете го копчето за заклучување B кај копчето
за затегнување G вртејќи го во правецот на
стрелките на часовникот
• Затегнување на синџирот 0
- поставете ја моторната пила на соодветна, рамна
површина
- проверете дали поврзувањата на синџирот се
правилно поставени во процепот околу лостот D
1) разлабавувајте го копчето за заклучување B за
да го одржува лостот на неговото место (не
вадете го)
2) подигнете го лостот малку и држете го во таа
положба
3) вртете го копчето за затегнување на синџирот
K нагоре додека не излезат поврзувањата на
синџирот и САМО допрете го долниот дел на
лостот D
4) затегнете го копчето за заклучување B вртејќи
го во правецот на стрелките на часовникот
5) ослободете го лостот
6) правилната затегнатост на синџирот е
постигната ако тој може да се подигне околу 4
мм од лостот во центарот
! секогаш проверувајте ја затегнатоста на
синџирот пред употреба, по првите сечења и
редовно во текот на работата (на секои 10
минути)
- по првичната работа, новите синџири може
значително да се продолжат
- векот на траење на пилата главно зависи
задоволителното подмачкување и правилното
затегнување
- избегнувате затегнување на синџирот ако е врел
зашто така ќе предизвикате тој да биде
презатегнат кога ќе се олади
• Подмачкување !
Векот на траење на синџирот и капацитетот за
сечење зависат од правилното подмачкување. Затоа
синџирот се подмачкува автоматски во текот на
работата преку испустот за масло L 2
! пилата не се доставува наполнета со масло;
мора да наполните масло пред да работите
! никогаш не работете со пилата без масло за
синџирот или со празен резервоар за масло
бидејќи тоа доведува до големо оштетување
на производот
- поставете ја пилата на соодветна површина со
капачето за резервоарот M свртено нагоре
- отшрафете го капачето и ставајте масло за
моторна пила (не се доставува) додека не се
наполни резервоарот
182

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0780

Tabla de contenido