вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
! пред враќање, резервоарот со масло мора да
се испразни целосно
• Чување (
- ако пилата се одложува на подолг период,
исчистете ги синџирот и лостот
- пред одложување на алатот, резервоарот со
масло мора да се испразни целосно
- ставете ја заштитата за синџирот X кога го
одложувате алатот
- внимателно поставете ја шината за складирање Y
на ѕид со 4 шрафа (не се доставуваат) и
порамнете хоризонтално
- користете ги шината за чување Y и куката за
складирање Z како што е прикажано на сликата
- внимавајте на протекување масло кога користите
кука за складирање Z
- чувајте ја машината во затворен простор на суво
и затворено место и подалеку од дофат на деца
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
• Следниот список ги прикажува симптомите за
проблемите, можните причини и дејства за поправка
(контактирајте со продавачот или сервисерот ако
истите не го идентификуваат ниту решаваат
проблемот)
! исклучете ја машината и извадете го
приклучокот пред да го истражувате проблемот
★ Машината не работи
- се активира сопирачката при повратен удар ->
повлечете ја рачната заштита S 2 назад во
позиција $a
- нема напојување -> проверете го напојувањето
(кабел за напојување, прекинувачи, осигурувачи)
- приклучокот не е поврзан -> поврзете го
приклучокот
- продолжниот кабел е оштетен -> заменете го
продолжниот кабел
★ Машината работи со прекини
- оштетување на прекинувачот за вклучување/
исклучување -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
- оштетување на внатрешното поврзување ->
контактирајте со продавачот/ сервисерот
- продолжниот кабел е оштетен -> заменете го
продолжниот кабел
★ Сув синџир
- нема масло во резервоарот -> дополнете масло
- отворот за вентилација кај капачето на
резервоарот за масло е затнат -> исчистете го
капачето
- патеката на маслото е затната -> исчистете го
испустот за поминување на маслото
★ Сопирачката не го застанува синџирот
- оштетување на сопирачката за повратен удар/
сопирачката за движење на синџирот ->
контактирајте со продавачот/ сервисерот
★ Синџирот/ лостот се прегреваат
- нема масло во резервоарот -> дополнете масло
- отворот за вентилација кај капачето на
резервоарот за масло е затнат -> исчистете го
капачето
- патеката на маслото е затната -> исчистете го
испустот за поминување на маслото
- синџирот е премногу затегнат -> прилагодете ја
затегнатоста на синџирот
- тап синџир -> наострете го синџирот или заменете
го
★ Машината вибрира невообичаено
- синџирот е премногу разлабавен -> прилагодете ја
затегнатоста на синџирот
- тап синџир -> наострете го синџирот или заменете
го
- синџирот е изабен -> заменете го синџирот
- запците на синџирот се свртени во погрешна
насока -> поставете го синџирот во точната
насока
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 8 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
• Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен
притисок е 86 dB(A) а нивото на звучна моќност
105 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и
вибрација 4,7 м/с² (векторски збир на трите
показатели; несигурност К = 1.5 м/с²)
• Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60745; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може да
доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото а
изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите
преку одржување на алатот и неговите
делови, одржување на топлината во вашите
раце, и организирање на вашата работа
185