● За да ја исклучите машината, поставете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(1) на положба „0".
Одведување на прашина (сл. D)
● Монтирајте кесата за прашина (2) кон врската
за вреќичката за прашина (6).
Совети за оптимално користење
● Стегнете го работното парче.
● Држете ја машината цврсто за дршката.
● Вклучете ја машината.
● Поставете ја брусната подлога со брусната
хартија врз работното парче.
● Полека движете ја машината преку
работното парче, притискајќи ја силно
брусната хартија врз парчето.
● Не притискајте премногу врз машината.
Оставете машината да ја заврши работата.
● Исклучете ја машината и почекајте целосно
да се сопре, пред да ја одложите.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Пред чистење и одржување исклучете
ја машината и извадете го приклучокот
од главниот напон.
● Редовно чистете го куќиштето со мекана
крпа.
● Чувајте ги отворите за вентилација чисти, без
прашина. Ако е потребно, користете мекана,
влажна крпа за отстранување на прашина и
нечистотии од отворите за вентилација.
● Редовно чистете ја брусната подлога за да
избегнете неточности при работа.
ГАРАНЦИЈА
Видете ги приложените гарантни термини.
ОКОЛИНА
Депонирање
Производот, приборот и пакувањето
мораат да се сортираат за еколошко
рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад.
Според Европското Упатство 2012/19/ EU за
отпадна електрична и електронска опрема и
неговата имплементација во националното
право, електричните алати кои веќе не се
употребливи мораат да се собираат одделно и
да се отстрануваат на еколошки начин.
Производот и упатството се предмет на
промена. Карактеристиките можат да се
променат без натамошно известување.
81