Milwaukee M12 CCS44 Manual Original página 98

Ocultar thumbs Ver también para M12 CCS44:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
доколку сечилото се извитка или се измести во сечењето,
забецот на надворешниот раб на сечилото може да се зарие во
горната површина на дрвото правејќи сечилото да излезе од
лежиште и да скокне кон оној кој работи.
Повратниот ефект е резултат на неправилна употреба на
пилата и/или некоректни работни процедури или услови
и може да биде избегнат со превземање на соодветни
претпазливи постапки наведени подолу.
a) Држете цврсто со двете раце кои се поставени да
пружат отпор при повратен удар. Поставете го вашето
тело од било која страна на сечилото, но не во негова
линија. Повратниот удар може да предизвика пилата да
потскокне наназад, но јачината на повратниот удар може
да биде контролирана од операторот доколку се преземени
соодветни мерки на претпазливост.
b) Кога сечилото се свиткало, или прекин на сечењето
од било која причина, ослободете го прекинувачот и
држете го ножот во материјалот без да делувате, се
додека не дојде до потполно запирање на сечилото.
Никогаш не се обидувајте да ја тргнете пилата или да
Mak
ја повлечете наназед додека сечилото се движи или
може да се појави повратен удар. Испитајте ги и преземете
корективни чекори за да ја елиминирате причината за
свиткување на сечилото.
c) По рестартирање на пилата во обарботуваното
парче, центрирајте го сечилото на пилата во крвината
и проверете запците на пилата да не се навлезени во
материјалот. Доколку сечилото на пилата е свиткано, може да
тргне нагоре или да излезе од обработуваното парче, кога таа
ќе се стартува.
d) Потпирајте ги големите панели како би го
минимизирале ризикот од свиткување на сечилото и
повратен удар. Големите панели имаат тенденција да се
свиткаат под сопствената тежина. Мора да биде поставена
потпора под панелот од двете страни, блиску до линијата на
сечење и блиску до работ на панелот.
e) Не користете отапени или оштетени сечила.
Ненаострните или не соодветно поставените сечила создаваат
остра кривина која предизвикува интензивно триење, виткање
на сечилото и повратен удар.
f) Длабочината на сечилото и прилагодливиот
заклучувач на рачката мора да биде стегнат и
обезбеден пред да се сече. Доколку се промени
подесувањето за време на сечењето може да дојде со
свиткување иповратен удар.
g) Бидете екстремно претпазливи при рез со
забодување во постоечки ѕидови или други армирани
површини. Ако сечилото на пилата дојде во контакт со
предмети скриени под површината, може да ги блокира и да
предизвика повратен удар.
Функција на долниот заштитен поклопец
a) Провререте ја долната заштита дали е соодветно
затворена пред секоја употреба. Не работете со пилата
доколку долната заштита не се движи слободно и не
се затвора моментално. Никогаш не ја затегнувајте
ниту врзувајте долната заштита во отворена позиција.
Доколку пилата падне ненамерно, долната заштита може
да се свитка. Кренете ја долната заштита со повлекување на
Македонски
Deutsch
96
рачката и осигурете се дека се движи слободно не допирајќи до
сечилото или било кој друг дел под било кој агол и длабочина
на засек.
b) Проверете го функционирањето на федерот на
долната заштита. Доколку заштитата и федерот не
се отвораат соодветно, мора пред употреба да бидат
сервисирани. Долната заштита може да функционира тромо
поради оштетените делови, лепливи остатоци или насобрани
делчиња.
c) Долната заштита треба да биде рачно повлечена
само при специјални резови како ,,резови со
забодување,, или ,,сложени резови,,. Кренете ја долната
заштита со повлекување на рачката веднаш штом сечилото
влезе во материјалот, долната заштита мора да биде
отпуштена. При секое друго сечење, долната заштита мора да
работи автоматски.
d) Секогаш гледајте долната заштита да го покрива
сечилото пред пилата да ја спуштите на маса или под.
Незаштитено лизгање на сечилото ќе предизвика пилата да
тргне наназад, сечејќи се што ќе се најде на патот. Бидете
свесни за потребното време за кое сечилото престанува да
работи, по ослободувањето на прекинувачот.
Останати безбедносни и работни упатства
Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да
предизвика губење на сетилото за слух.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни
ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита
за уши.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да
биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го
телото. Користете систем за апсорпција на прашината и
носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно
наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните
параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Не го фиксирајте прекинувачот во позиција он-вклучено кога ја
користите пилата држејжи ја со рака.
Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли на оваа
машина!
Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го
прегревањето на забчаниците, а при сечењето на пластични
материи избегнете го топењето на материјалот.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Електорнската циркуларното сечило може да сече надолжно и
триаголно прецизно во дрво.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕЛЕКТРИЧНА КОЧНИЦА
При ослободување на притискачот од прекинувачот дискот
за сечење се запира во рок од 2 секунди преку електричната
кочница. Но, електричната кочница може да дејствува и
одложено. Понекогаш електричната кочница не е делотворна.
Доколку електричната кочница не дејствува почесто, во тој
случај пилата мора да биде донесена до овластен сервис-

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido