Milwaukee M12 CCS44 Manual Original página 99

Ocultar thumbs Ver también para M12 CCS44:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
центар на Milwaukee. Дури по постигнување на состојба
на мирување на дискот за сечење извлечете ја пилата од
обработуваниот материјал.
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем C12 за полнење на батерии од C12
систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни
моменти, заглавување, ненадејно запирање или краток спој,
електро-уредот бучи 2 секунди, а потоа самостојно се гаси. За
повторно вклучување ослободете го прекинувачот и вклучете
повторно. Во случај на екстремни оптоварувања батеријата
може да загрее многу. Во таков случај батеријата исклучува.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно
да ја напоните и активирате.
ОДРЖУВАЊЕ
Уверете се дека алатката е исклучена од напојување пред да го
прикачите или отстраните сечилото.
Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.
Некои средства за чистење ја оштетуваат пластиката или други
изолирани делови.
Одржувајте го апаратот чист и сув како и неизвалкан од
истечено масло и масти.
Проверете ја функцијата на заштитните хауби.
Редовно одржување и чистење обезбедува долг век и
безбедно ракување.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот
број на табличката со учинокот или во Вашата корисничка
служба или директно кај Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под „Технички
податоци„ опишаниот производ е во склад со сите релевантни
прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHS), 2004/108/
EC, 2006/42/EC и следните хармонизирачки нормативни
документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-5:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:1997 + A1:2001 + A2:2008
EN 50581:2012
Winnenden, 2014-10-21
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany
СИ БОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината носете ракавици.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно
со домашниот отпад. Електричните и електронсите
апарати треба да се собираат одделно и да се однесат
во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад
со начелата за заштита на околината. Информирајте се
кај Вашите местни служби или кај специјализираниот
трговски претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет
Македонски
Deutsch
97
Mak

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido