Електричен Приклучок; Вклучување На Производот; Рачно Работење; Автоматско Работење Со Пловен Прекинувач - Grundfos KPC 24/7 210 Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
2.3 Електричен приклучок
Извршете го поврзувањето со
електричната мрежа според локалните
прописи.
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Пред да започнете да работите на
производот, исклучете го
напојувањето со електрична енергија.
Погрижете се да се оневозможи
ненамерно вклучување на
напојувањето со електрична енергија.
Проверете дали напонот на напојувањето и
фреквенцијата на местото на инсталација
соодветствуваат на вредностите наведени на
натписната плочка.
Бидете сигурни дека е можно да се направи
добро заземјување.
Пумпи со полуга: поврзете ја полугата со
испустот за електрична енергија.
Пумпи без полуга: поврзете ја пумпата трајно
со фикснaта електрична инсталација како што
е опишано подолу.
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Поврзете ја пумпата без приклучок
трајно со фиксно поврзување на
каблите преку надворешен
електричен прекинувач со минимален
контактен јаз од 3 mm во сите полови.
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Пумпата мора да биде заземјена.
- Заштитното заземјување на
приклучницата на штекерот мора да
биде поврзано со заштитното
заземјување на пумпата. Според тоа,
приклучокот мора да го има истиот
РЕ систем за поврзување како оној на
приклучницата на штекерот. Ако не,
користете соодветен адаптер.
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Инсталацијата мора да се постави со
вградување на уред за резидуална
струја (RCD) со струја на
исклучување помала од 30 mA.
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Ако пумпата се користи за чистење
или друго одржување на базени за
пливање, езерца во градини или
слични места, погрижете се пумпата
да биде снабдена преку склопка на
диференцијална струја, RCCB, со
активирачка струја од 30 mA.
3. Вклучување на производот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Запалив материјал
Смрт или сериозна телесна повреда
- Немојте да ја употребувате пумпата
за запаливи течности, како на пример
нафта, бензин или слични течности.
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Немојте да ја користите пумпата во
базени за пливање, езерца во
градини или слични места ако има
луѓе во водата.
3.1 Рачно работење
Вклучување и исклучување на пумпата преку
надворешен прекинувач на електрична мрежа. За
време на работењето, нивото на водата треба
редовно да се проверува за да се отстрани
ризикот од работење насуво. На пример, ова
може да се направи со надворешен контролор на
нивото.
Со цел пумпата да може да се полни сама кога ќе
се вклучи, нивото на водата мора да биде
најмалку 25 mm.
Кога пумпата вшмукува вода, може да пумпа
оддолу до ниво на вода од 20 mm.
3.2 Автоматско работење со пловен
прекинувач
При автоматско работење, пумпите со пловен
прекинувач ќе се вклучат и исклучат, во зависност
од нивото на водата и должината на кабелот со
пловен прекинувач.
3.2.1 Принудно работење на пумпата
Ако пумпата се користи за дренажа на нивоа на
вода под нивото на запирање на пловниот
приклучок, пловниот прекинувач може да биде на
повисока позиција со тоа што ќе го поставите на
одводната цевка.
За време на принудно работење на пумпата,
редовно проверувајте го нивото на водата за да
се спречи работење насуво.
157

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Kpc 24/7 270Kpc 300 aKpc 600 a

Tabla de contenido