Bosch GTS 254 Professional Manual Original página 299

Ocultar thumbs Ver también para GTS 254 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 51
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни упатства за столни пили
Предупредувања за заштита
Чувајте ги штитниците на своето место. Штитниците
u
мора да бидат во работна состојба и правилно
монтирани. Доколку штитникот е олабавен, оштетен
или не функционира правилно, тогаш мора да се
поправи или да се замени.
Секогаш кога сечете, користете штитник за сечило
u
на пила, нож за раздвојување и уред против
повратен удар. При целосно сечење, кога сечилото
сече преку целата дебелина на делот што се
обработува, штитникот и другите безбедносни уреди
помагаат во намалување на ризикот од повреда.
Веднаш повторно вратете го системот за заштита
u
по завршување на активноста (како на пример
рендање) за коешто е потребно да се отстрани
штитникот, ножот за раздвојување и/или уредот
против повратен удар. Штитникот, ножот за
раздвојување и уредот против повратен удар помагаат
во намалување на ризикот од повреда.
Осигурајте се дека сечилото не е во допир со
u
штитникот, ножот за раздвојување или делот што
се обработува пред да го вклучите прекинувачот.
Ненамерниот контакт на овие предмети и сечилото
може да создаде опасни состојби.
Прилагодете го ножот за раздвојување како што е
u
објаснето во прирачникот за употреба.
Несоодветниот простор, неправилната поставеност и
центрирањето може да ја намалат можноста за
спречување на одбивањето на ножот за раздвојување.
За ножот за раздвојување и уредот против
u
повратен удар да можат да работат, истите мора да
се наоѓаат во делот што се обработува. Ножот за
раздвојување и уредот против повратен удар, не се
ефикасни при сечење на делови што се премногу
кратки за сечење со нож за раздвојување. Под овие
услови, ножот за раздвојување и уредот против
повратен удар не можат да го спречат одбивањето.
Користете соодветно сечило за ножот за
u
раздвојување. За правилна работа на ножот за
раздвојување, дијаметарот на сечилото мора да
одговара на соодветниот нож за раздвојување и
телото на сечилото мора да биде потенко од
дебелината на ножот за раздвојување и ширината на
Bosch Power Tools
сечење на сечилото мора да биде пошироко од
дебелината на ножот за раздвојување.
Предупредувања при процесот на сечење
ОПАСНОСТ: Никогаш не ги ставајте прстите или
u
рацете во близина, или во иста линија со сечилото.
Еден момент на невнимание или излизгување може да
ја ви ја насочи раката кон сечилото и да доведе до
сериозна повреда.
Вметнете го делот што се обработува во сечилото
u
спротивно од насоката на вртење. Доколку го
вметнете делот што се обработува во насока на
вртење на сечилото над работната површина, тогаш
може да дојде до повлекување на делот што се
обработува и вашата рака во сечилото.
Никогаш не го употребувајте граничникот за
u
вметнување на делот што се обработува при негово
расцепување, и не го употребувајте паралелниот
граничник како обележувач на должината при
напречно сечење заедно со граничникот. Доколку
истовремено го насочите делот за обработка со
граничникот за напречно сечење и паралелниот
граничник, тогаш ќе се зголеми можноста за
замотување и одбивање.
При расцепување, секогаш вметнувајте го делот
u
што се обработува меѓу граничникот и сечилото.
Користете водечка летва кога растојанието меѓу
граничникот и сечилото е помало од 150 mm, и
користете блокови кога растојанието е помало од
50 mm. „Помошните работни" уреди ги одржуваат
рацете на безбедно растојание од сечилото.
Користете само водечка летва обезбедена од
u
производителот или изработена според упатството.
Со оваа водечка летва се обезбедува соодветно
растојание на раката од сечилото.
Никогаш не користете оштетена или исечена
u
водечка летва. Оштетена водечка летва може да се
скрши и да предизвика лизгање на раката на сечилото.
Не преземајте никаква активност со „слободната
u
рака". Секогаш користете паралелен граничник или
граничник за позиционирање и насочување на
делот што се обработува. „Слободна рака" значи
користење на рацете за држење или насочување на
делот што се обработува, наместо паралелен
граничник или граничник. Сечење со слободна рака
води до погрешно насочување, замотување и
одбивање.
Никогаш не се посегнувајте околу или преку сечило
u
кое работи. Посегнувањето по делот што се
обработува може да доведе до случаен контакт со
сечило кое ротира.
Обезбедете помошен држач за делот што се
u
обработува на задниот, и/или страничниот дел на
работната површина за порамнување на долги и/
или широки делови. Долг и/или широк дел што се
обработува може да се навали на работ на работната
Македонски | 299
1 609 92A 72F | (13.10.2021)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido