избегнувате повреди.
Бидете особено внимателни кога косилката ја влечете во
насока кон вас. Секогаш внимавајте на околината. Така ја
намалувате опасноста од сопнување за време на работа.
Сечивата и останатите опасни подвижни делови да не се
допираат додека се во движење. Така го намалувате ризикот
од повреда од подвижни делови.
Пред отстранување на остатоци од сечење или пред чистење
на косилката за трева, уверете се дека сите прекинувачи
за напојување се исклучени и акумулаторот е исклучен.
Ненамерното вклучување на косилката за трева може да доведе
до тешки повреди.
При судир со страно тело или при необично силни вибрации
веднаш сопрете ја косилката за трева.
Извадете го акумулаторот и уверете се дека сите подвижни
делови се во мирување:
• По судир со страно тело, проверете дали косилката за трева
е оштетена и во даден случај поправете ја пред повторно
ставање во погон.
• Ако машината започне да вибрира необично силно, веднаш
проверете ја косилката за трева дали е оштетена и поправете
или заменете ги оштетените делови. Лабавите делови
зацврстете ги повторно.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Косилката за трева да не се употребува без уредно инсталиран и
функционален сад за собирање трева, вметок за мулчирање или
отвор за испуст. Машината редовно да се проверува дали има
појави на абење и во даден случај да се сервисира.
Не отстранувајте ги сигурносните уреди (како што се задната
врата, отворот за испуст, сигурносниот држач итн.) и чувајте ги
подготвени за употреба.
Областа за косење да се контролира пред косење и да се
отстранат страни тела. Да се отстранат камења, стапови, жици,
коски или други страни тела. Да се внимава на исфрлениот
материјал. Предмети зафатени од косилката за трева може да
се исфрлат и да предизвикаат тешки повреди и/или штети на
косилката.
Кај самовозечки косилки да се исклучи погонот на тркала пред
стартување на моторот.
Никогаш не обидувајте се да ја подесите висината на сечење
додека работи косилката за трева.
Да се заштити од вода и да не се употребува на влажна подлога.
Да не се употребува при дожд.
Дланките и стапалата да се држат подалеку од сечивата. Не
посегнувајте под заштитата за сечење и секогаш држете се
подалеку од отворот за испуст.
Исфрлениот материјал да не се фрла во правец на лица.
Исфрлениот материјал да не се истура покрај ѕид или пречка. Во
спротивно, материјалот може да се одбие и да падне врз лицето
што управува.
При возење наназад, секогаш да се контролира патот по кој се
вози. Да не се коси наназад, ако не е апсолутно потребно.
Секогаш внимавајте на сигурно стоење. Добро држете го
водечкиот носач и секогаш само одете, а никако не трчајте.
Избегнувајте дупки, бразди, брановидно тло и други скриени
извори на опасност. Нерамниот терен може да доведе до
превртување на машината или до загрозување на рамнотежата и
сигурното стоење на оној кој ја опслужува.
При преминување преку пристапни патеки од чакал, патишта или
улици, исклучете ја единицата за сечење.
Пред вадење на корпата за собирање трева или при празнење
на отворот за испуст, исклучете го моторот и почекајте ножот
целосно да застане.
Вклучената косилка не ја оставајте без надзор. Машината
секогаш да се остава на рамна површина и да се исклучи.
За време на употреба, затворете го поклопецот на држачот на
акумулаторот.
164
При вклучени LED фарови да не се гледа директно во светлото.
Немојте да дозволите, деца, лица со ограничена телесна,
сензорска или душевна способност или недостаток на искуство
и знаења или лице, кои што не се запознаени со упатството за
употреба, да ја користат оваа машина. Локалните прописи може
да ја ограничат возраста на операторот.
Обрнете внимание на предметите кои може да бидат исфрлени
наоколу. Сите набљудувачи, деца и домашни миленичиња да
се наоѓаат на растојание од најмалку 30 метри од работното
подрачје.
Не работете при лошо осветлување. На корисникот му треба
непречен поглед на работната површина за откривање на
потенцијални опасности.
Прегледајте го уредот пред секое користење. Проверете да
не има делови кои се лабави. Уверете се дека се во ред сите
заштитни уреди и дршки и дека се стегнати. Пред користење
заменете ги сите оштетени делови. Проверете да не проетекува
акумулаторот.
Не правете никакви измени на уредот.
Деца или необучени лица не смеат да го користат уредот.
Кога го користите овој уред, носете целосна заштита за очите
и ушите. Кога работите во области каде што постои ризик од
паѓање на делови, треба да носите заштита за главата.
Соберете ја долгата коса така што да е над рамениците за да
спречите нејзино заплеткување во движечките делови.
Не работете со уредот ако сте изморени, болни или под дејство
на алкохол или лекови.
Внимавајте на сигурно растојание и рамнотежа. Избегнувајте
неприродно држење на телото. Прекумерното истегнување може
да предизвика губење на рамнотежа или допирање на жешки
површини.
Не навалувајте ја машината кога го вклучувате моторот.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18
систем. Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со
исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт
со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително
одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Работење на стрмнина
Да не се употребува на површини со наклон над 15°. Работете
секогаш попречно и никогаш по должина на стрмнината.
Работењето на стрмнина го зголемува ризикот од лизгање и
паѓање и може да доведе до тешки повреди.
Употребата на стрмнина бара посебна претпазливост. Не косете
на стрмнина на која не се чувствувате сигурно.
Внимавајте секогаш на сигурно стоење. Лизгањето или паѓањето
може да доведе до тешки повреди. Веднаш отпуштете го
сигурносниот носач ако почувствувате дека губите рамнотежа.
Бидете крајно претпазливи при работење на стрмнина при
менување на правец. Избегнувајте тргнување и сопирање на
стрмнина. Избегнувајте нагли промени на брзината и правецот.
При вртење маневрирајте бавно и постепено.
МАКЕДОНСКИ
Посебно внимавајте на рабовите на насипите.
Не употребувајте ја машината кога се загрозени погонот,
управувањето или стабилноста. Тркалата може да се лизгаат и
при исклучен погон.
Секогаш држете ја машината добро под контрола при надолнина.
Да не се вози во лер надолу по стрмнина.
Бидете посебно претпазливи при работа со корпа за собирање
трева. Тешка корпа за собирање трева може да влијае на
стабилноста на машината.
Избегнувајте дупки, бразди, камења, скриени страни тела
или брановидно тло, бидејќи претставуваат ризик од лизгање
и сопнување. Пречките можат да се покриени со висока
трева. Отстранете предмети како камења, гранки, итн., кои
претставуваат стапици за сопнување или кои можат да бидат
зафатени и исфрлени од единицата за сечење.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Косилката со акумулатор е погодна само за надворешна
употреба.
Уредот е наменет за косење на висина на подлогата земја,
трева. Се работи за рачно управувана косилка за трева со
дополнителен погон на тркала (самовозечка).
Косилката вклучете ја само кога сите тркала го допираат тлото.
Машината да не се влече или седи на неа.
Не користете го производот на поинаков начин од наведениот.
ПРЕОСТАНАТ РИЗИК
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост
да се исклучат остаточни опасности. При употребата можат да
се појават следниве ризици, поради кое што корисникот мора да
обрати внимание на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете
го времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони, ракавици и
цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Наизменични батерии кои што подолго време не биле
употребувани пред употреба да се наполнат.
Температура над 50°C го намалува учинокот на наизменичната
батерија. Подолго затоплување од сонце или од греење да се
избегне.
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на
суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-јонски
батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој, електро-
алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка и електро-
алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ОПИС НА ФУНКЦИЈАТА
Задна врата
1.
Задна рачка
2.
Индикатор за полнење
3.
Подесување на висината
4.
Преграда за акумулаторот
5.
Предна рачка
6.
LED фарови
7.
Единица за сечење
8.
Копче за стартување на единицата за сечење/машината
9.
10. Преклопник за вклучување/исклучување на погонот на
тркалата и контрола на брзината
11. Водечки носач
12. Сигурносен носач
13. Регулирање на брзината на погонот на тркалата
14. Копче за број на вртежи на сечива бавен/брз
15. Копче за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ на фаровите
16. Заклучување на главниот носач
17. Подесување на главниот носач
18. Корпа за собирање трева
19. Заден отвор за испуст.
20. Вметок за малчирање
ОПШТИ УПАТСТВА
Траењето на батеријата зависи од состојбата, должината и
густината на тревата. Подесете ја висината на сечење на
косилката според актуелната состојба на тревата.
За оптимални резултати секогаш отсечете максимално една
третина од должината на сламките.
• При косење на висока трева, намалете ја брзината за да се
МАКЕДОНСКИ
165