Milwaukee M18 CHT Manual Original página 59

Ocultar thumbs Ver también para M18 CHT:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 17
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
XЕЏ ТРИМЕР
Производен број................................................................................
Брзина без оптоварување ................................................................
Должина на засек ..............................................................................
заб проред .........................................................................................
учинок на сечење ..............................................................................
Агол на острење во хоризонтала .....................................................
Волтажа на батеријата ....................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (4,0 Ah) ......................
Тежина без батерија .........................................................................
Препорачана температура на околината при работа ....................
Препорачани типови на акумулаторски батерии............................
Препорачани полначи ......................................................................
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN
62841. A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично
изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=2.0) ..............................
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=2.0) ..................................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки)
пресметани согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
..............................................
h
(Несигурност K=3dB(A))....................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод
на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се
користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за
поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може
значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е
вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.:
одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни
упатства, инструкции, илустрации и спецификации за овој
електричен алат. Недоследно почитување на подолу
наведените упатства можe да предизвика електричен удар,
пожар и/или сериозни повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за
во иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА НОЖИЦИ ЗА ЖИВА
ОГРАДА
Чувајте ги деловите од телото подалеку од ножевите. Не го
отстранувајте исечениот или материјалот кој се сече додека
работат ножевите. Ножевите продолжуваат да ротираат дури и
после исклучување на уредот. Дури и краток момент на
невнимание за време на работа може да доведе до сериозни
повреди.
Носете ги ножиците за жива ограда за рачката за носење,
кога ножевите се во мирување и внимавајте со прстите да
не го допрете прекинувачот. Соодветното носење со
ножиците за жива ограда го намалува ризикот од повреда при
случајно вклучување на ножот.
При транспортирање или складирање на ножиците за
жива ограда, секогаш да го поставувате браникот на ножот.
116
МАКЕДОНСКИ
M18 CHT
................ 4585 96 03...
...000001-999999
............................. 3400 min
-1
............................... 610 mm
................................. 20 mm
................................. 20 mm
.............................. < 30 °
................................. 18 V
................................ 5,0 kg
................................ 4,3 kg
....................... -18...+50 °C
............................ M18B ..., M18HB...
.. M12-18C, M12-18AC, M12-18FC, M1418C6
................................. 71 dB (A)
................................. 91 dB (A)
.............................. 2,23 m/s
2
................................ 1,5 m/s
2
Соодветното ракување со ножиците за жива ограда го
намалува ризикот од повреда со ножевите.
Пред да ги отстранувате остатоците од материјалот или
пред одржување, осигурајте се дека се исклучени сите
прекинувачи. Случајното активирање на ножиците за жива
ограда, при отстранување на остатоци од материјал или во
текот на одржувањето може да резултира со сериозни
повреди.
Ножиците за жива ограда секогаш да се држат за
изолираните дршки, со што сте заштитени ако ножот дојде
во контакт со скриени жици. По контакт со кабел под напон,
металните делови на ножиците за жива ограда стануваат живи
и можат да предизвикаат струен удар на ракувачот.
Чувајте ги сите кабли за напојување подалеку од резните
површини. Кабли за напојување, скриени под жива ограда и
грмушки, можат да бидат фатени од ножевите.
Не ги користите ножиците за жива ограда во лоши
временски услови, особено кога постои опасност од гром.
На тој начин го намалувате ризикот да удар од гром.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ
Немојте да дозволите, деца, лица со
ограничена телесна, сензорска или
душевна способност или недостаток
на искуство и знаења или лице, кои
што не се запознаени со упатството
за употреба, да ја користат оваа
машина. Локалните прописи може
да ја ограничат возраста на
операторот.
Чистете го работното подрачје пред секое користење на
алатката. Отстранете ги сите предмети како на пример
камења, срчи, шајки, жици или врвки, кои што може да бидат
исфрлени или заглавени во уредот за сечење.
Проверете дали во ножиците има страни тела, како на пр.
делови од жичана ограда.
Производот никогаш да не се користи во близина на столбови,
огради, згради или други неподвижни предмети.
Обрнете внимание на предметите кои може да бидат
исфрлени наоколу. Сите набљудувачи, деца и домашни
миленичиња да се наоѓаат на растојание од најмалку 15 метри
од работното подрачје.
Да не се користат при лошо осветлување. На корисникот му е
потребен непречен поглед на работното подрачје, со цел да ги
препознае можните опасности.
Прегледајте го производот пред секое користење. Проверете
дали затворачите или другите делови се добро прицврстени.
Осигурајте се дали заштитните механизми или рачките се
уредно и сигурно прицврстени. Пред употребата заменети ги
сите оштетени делови. Проверете дали батеријата ќе се
испразни.
Да не се модифицира производот на било кој начин.
Да не им се дозволи на деца или на необучени лица да го
користат производот.
Додека ракувате со производот, користете заштита за очи и
уши. Додека работите во подрачја каде што постои опасност
од пад на објекти, мора де користите соодветна заштита за
главата.
Врзете ја косата одзади, така што истата ќе биде над
должината на рамениците, за да спречите косата да се закачи
на подвижните делови од машината.
Немојте да ракувате со производот ако сте уморни или болни
односно ако сте под влијание на алкохол, дроги или лекови.
Одржувајте рамнотежа, избегнувајте било какво абнормално
држење на телото. Прекумерното истегнување може да доведе
до губење на рамнотежата или да предизвика опасности.
Пред да го стартувате производот, осигурајте се дека
ножевите за сечење нема да може да дојдат во контакт со
ништо.
Осигурајте се дека цврсто ја држите алатката за двете рачки,
дека имате рамнотежа и дека тежината на телото е подеднакво
распоредена на двете стапала. Производителот препорачува
да не се користат скали. Користете продолжна алатка ако
треба са сечете на поголеми висини.
Ножевите се многу остри и може да предизвикаат повреди
дури и во мирување. Носете заштитни ракавици кои не се
лизгаат и кои се отпорни на абење. Прстите и другите делови
од телото држете ги подалеку од ножот за сечење. Немојте да
ги допирате ножевите ако батеријата се наоѓа во алатката!
Немојте ножиците за жива ограда со употреба на сила да ги
користите за сечење на густи грмушки. Тоа може да доведе до
блокирање на ножевите и истите може да станат побавни. Ако
ножевите станат побавни, ќе дојде до намалување на
брзината.
Немојте да се обидувате да сечете стебла или гранке со
дијаметар поголем од 28 mm, ниту пак стебла и гранки кои се
премногу големи, за да можат да вметнат меѓу сечилата. За
сечење на поголеми гранки или стебла користете рачна или
пила за гранки без мотор.
Носењето на заштита за ушите ја намалува Вашата
способност да слушате предупредувања (извици или повици).
Корисникот мора да обрне особено внимание на тоа што се
случува на работното подрачје.
Предупредување! Ако производот падне, претрпи
тежок удар или ако чудно вибрира, веднаш стопирајте го
производот и проверете да не има некакви оштетување
или идентификувајте ја причината за вибрирањето. Секоја
штета мора уредно да биде отклонета од страна на
овластениот сервис или треба да се замени производот.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и
да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем System M18 за полнење на
батерии од System M18 систем. Не користете батерии од друг
систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во
батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
ЧУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Стопирајте го производот, извадете ја батеријата и оставете го
да се олади, пред да го складирате или транспортирате.
Отстранете ги сите страни тела од производот. Складирајте го
производот на суво и добро проветрено место, до кое децата
немаат пристап. Производот да се чува подалеку од
кородирачки материи, како што се градинарсктеи хемикалии и
солите за одмрзнување. Да не се складира на отворено.
Сместите ги ножевите во заштитникот за ножеви, пред да ја
складирате алатката или за време на транспортот.
Осигурајте го производот при транспорт од движење или пад,
со цел да се спречат повреди или оштетувања на производот.
МАКЕДОНСКИ
117

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

4585 96 03000001-999999

Tabla de contenido