ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките
за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво
соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде
стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ПРЕОСТАНАТ РИЗИК
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба
особено да внимава:
• Повреда предизвикана од контакт со сечилата. Сечилото не
може да се чува додека се сече. Чувајте го сечилото
подалеку од себе и од другите. Покријте го со заштитник на
сечилото кога производот не се користи.
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и
ограничете го времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето
на експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони, ракавици
и цврсти чевли.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овој производ е наменет само за употреба на отворено. Од
безбедносни причини производот секогаш треба да се држи и
управува со двете раце.
Овој производ е развиен за употреба во домаќинството.
Наменет е за сечење на жива ограда, грмушки и слични
растенија.
Алатката треба да се користи во сува и добро осветлена
околина.
Алатката не е наменета за сечење на трева, дрва или гранки,
Не треба да се користи за други цели, освен за сечење на
жива ограда.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
118
МАКЕДОНСКИ
ЕK-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Како производител, изјавуваме под целосна одговорност дека
„Техничките податоци" подолу го опишуваат производот со сите
релевантни одредби од регулативите 2011/65/ЕУ (RoHS),
2014/30/ЕЗ, 2006/42/ЕЗ и се усогласени со следниве
хармонизирани регулаторни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-4-2:2019
EN IEC 55014-1:2021
EN IEC 55014-2:2021
EN IEC 63000:2018
Измерено ниво на јачина на звук: 91 dB(A)
Гарантирано ниво на јачина на звук: 93 dB(A)
Усогласеност согласно Директивата 2000/14/EG, Анекс V.
Winnenden, 2022-03-17
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување на
батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ОДРЖУВАЊЕ
Чистете ги куќиштетето и рачките по секоја употреба на
производот и тоа со мека и сува крпа.
По употребата со тврда четка отстранете ја нечистотијата од
ножевите и внимателно нанесете масло како заштита од
рѓосување, пред повторно да го навлечете заштитникот за
ножеви. Производителот препорачува користење на спреј како
заштита од рѓосување и за подмачкување, со што ќе се
гарантира еднакво нанесување и ќе се намали опасноста од
повреди при допир на ножевите. Распрашајте се кај нашиот
AEG-обезбедувач на сервисни услуги за соодветниот спреј
(обрнете внимание на брошурата гаранција/адреси на
сервисот).
Доколку сакате, пред секое користење може да ги подмачкате
ножевите на горенаведениот начин.
Осигурајте се дека сите мутери, клинови и штрафови се
цврсти за да биде гарантирана безбедна состојба на работење
на градинарскиот апарат.
Проверете го градинарскиот апарат и заменете ги заради
причини на безбедност изабените или оштетените делови.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да
бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Носете ракавици!
Држете ги лицата кои што стојат во близина на
едно безбедно растојание од градинарскиот апарат.
Додека ракувате со нив, држете ги ножиците за
жива ограда со обете раце.
За да спречите тешки повреди, немојте да ги
допирате ножевите за сечење.
Не го употребувајте кога врне ниту пак оставајте го
во тој случај надвор.
Гарантираното ниво на звучна моќност на плочката
за идентификација изнесува 93 dB.
V
Волти
Истосмерна струја
n
XXX min
-1
Неактивен мозочен удар / минута
0
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се
собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и
отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач
за совети за рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците
на мало може да се обврзани бесплатно да ги
преземаат искористените батерии, како и
отпадната електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема помага да се
намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска
опрема содржат вредни материјали за
рециклирање, кои може негативно да влијаат на
животната средина и на здравјето на луѓето
доколку не се отстранат на еколошки компатибилен
начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
119