Milwaukee M18 ONEHCCT60 Manual Original página 51

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 16
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Волтажа на батеријата
Фреквентна лента (фреквентни ленти) за блутут
високофреквентна моќност
Верзија блутут
притисок сила
Мерно подрачје:
Бакар макс.
Алуминиум макс.
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (Li-Ion 2.0 Ah ... 12.0 Ah)
Тежина (само алатот)
Препорачана температура на околината за работа
Препорачани комплети акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата: Измерените вредности се одредени согласно
стандардот EN 62841. A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок / Несигурност К
Ниво на јачина на звук / Несигурност К
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на
трите насоки) пресметани согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност К
h
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод
на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се
користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за
поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може
значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е
вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.:
одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени, упатства, цртежи и податоци, коишто ги добивате
заедно со уредот. Доколку не ги почитувате следните упатства,
може да дојде до електричен удар, до пожар и/или до тешки
повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА АЛАТОТ ЗА ПРЕСУВАЊЕ
Пред да работи првпат со него и најмалку еднаш годишно,
операторот на овој уред мора да биде обучен за специфичните
опасности коишто се поврзани со користењето на овој алат и за
неопходните безбедносни мерки.
Компанијата што е ангажирана мора:
• Прирачникот за работа да му го стави на располагање на
операторот и да се увери дека операторот го прочитал и го
разбрал.
• Одржувајте ги налепниците и плочките со ознака на типот.
На нив има важни информации. Ако се нечитливи или
недостасуваат, мора да се заменат.
Секогаш постапувајте со здрав разум и бидете внимателни
кога користите алати. Не е возможно да се предвиди секоја
ситуација која може да доведе до опасен исход. Немојте да
го користите алатот ако не ги разбирате упатствата за работа
или ако мислите дека не сте способни да ја вршите работата;
за дополнителни информации или обука, контактирајте со
Milwaukee Tool или обучен професионалец.
Држете ги рацете и лабавата облека подалеку од челустите
за пресување / матриците и други подвижни делови. Постои
100
M18 ONEHCCT60
Алат за пресување
4911 60 01 XXXXXX MJJJJ
18 V ⎓
2402 - 2480 MHz
1,8 dBm
4.2 BT signal mode
60 kN
300 mm
300 mm
3,8 - 4,9 kg
3,4 kg
-18 ... +50 °C
M18B...; M18HB...
M12-18...; M18DFC; M1418C6
72,4 dB (A) / 3 dB (A)
83,4 dB (A) / 3 dB (A)
0,7 m/s
2
ризик од сериозна повреда, вклучувајќи оштетување на
екстремитетите.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици,
цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
За да се намали ризикот од повреда, носете заштитни очила со
странични заштитници кога работите или го сервисирате алатот.
Материјалот може да напукне или да се раздроби.
Никогаш не ги држете прстите или други делови од телото во
работното подрачје на цилиндарот и на стегачите. Алатот за
пресување и додатоците за пресување смеат да ги користи само
стручњаци со електротехничка обука.
Пред секоја употреба, проверете го алатот за пресување,
пневматската челуст и вметоците да не имаат пукнатини и други
форми на изабеност.
Алатот за пресување и вметоците за пресување треба да се
користат само во технички беспрекорна состојба.
Алатот за пресување смее да се користи само со наместени
вметоци за пресување.
Користете само вметоци за пресување до 60 kN со вкупна
ширина од 22 мм.
Пред пресувањето, отстранете ги употребените алати за
подесување или клучевите.
За да избегнете повреда и оштетување, алатот, преносливата
батерија или полначот никогаш не потопувајте ги во течност или,
пак, не дозволувајте во нив да навлезе вода.
Не допирајте ја челуста за пресување за време процесот на
пресување.
МАКЕДОНСКИ
Во случај на дефекти за време пресувањето веднаш исклучете
ја склопката за вклучување и притиснете го копчето за
откочување на хидрауликата. Вентилот се отвора и клипот се
враќа во појдовната позиција.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Обавезно е потребно придр-жување кон одржу-вањето и
интервали-те на одр-жување.
Во случај на оштету-вања истите веднаш да бидат дадени на
авторизирана стручна работнил-ница на поправка.
Не смеат да се обработуваат никакви делови кои се под
2
електричен напон. Алатот НЕ е изолиран.
2
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии
од M18 систем. Не користете батериски пакувања од други
системи.
/ 1,5 m/s
2
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
копчеста литиумска батерија. Доколку се голтне, или
доколку влезе во телото, нова или стара батерија може
да предизвика тешки внатрешни изгореници и да
доведе до смрт за помалку од два часа. Секогаш обезбедувајте
го поклопецот на батеријата. Доколку не се затвора добро,
запрете го уредот, извадете ја батеријата и држете ја понастрана
од деца. Ако мислите дека батеријата била голтната или дека
влегла во телото, веднаш побарајте лекарска помош.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Алатот за пресување смее да се користи исклучиво за
пресување на спојни материјали кои се предвидени за
соодветните вметоци за пресување. Пред почетокот со работа,
да се исклучат сите активни делови (т.е. делови под напон) во
опкружување на монтерот.
Не користете го производот на друг начин освен на начините за
кои е наменет.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите. Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете. Во случај на
екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во
таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење
сè додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за
полнење може да се продолжи со работа.
Овој уред содржи една
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или
протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции
обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Користете само стандардни спојни елементи според национално
важечките стандарди, како и за тоа предвидени вметоци за
пресување.
Погледнете ги упатствата за обработка и монтажа за спојните
елементи од документацијата на производителот.
Проверете дали номиналната ширина на спојниот елемент
одговара на вметокот за пресување.
Пред почеток на пресувањето, мора да се провери капацитетот
на батеријата: минимум 33% (види го описот на сликата). Може
да е неопходно полнење пред да започне работата.
Активирањето на контролната склопка го стартува пресувањето,
кое се забележува по задвижувањето на уредот за пресување.
Проверката и проценката на едно точно пресување е во
надлежност на корисникот.
Неточните спојки мора да се пресуваат одново со нов споен
елемент.
МАКЕДОНСКИ
101

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido