Bosch GTS 18V-216 Professional Manual Original página 370

Ocultar thumbs Ver también para GTS 18V-216 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 61
370 | Македонски
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Транспортна и работна позиција на сечилото
за пила
Транспортна позиција
– Отстранете го заштитниот поклопец (3) и додатокот за
маса (25) и позиционирајте го клинот за разделување
(4) во најдолната позиција. Повторно ставете го
додатокот за маса (25).
– Свртете ја курблата (15) во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека запците на сечилото
за пила (26) не се најдат под масата за сечење (23).
– Вметнете го проширувањето за маса за сечење (6)
целосно навнатре.
Притиснете ја затезната дршка (13) надолу. На тој
начин ќе се фиксира проширувањето на масата за
сечење.
Работна позиција
– Позиционирајте го клинот за разделување (4) во
најгорната позиција точно над средината на сечилото
за пила, вметнете го додатокот за маса (25) и
монтирајте го заштитниот поклопец (3).
– Свртете ја курблата (15) во правец на стрелките на
часовникот, додека запците на сечилото за пила (26)
не се најдат над делот за обработување околу
3 − 6 mm.
Зголемување на масата за сечење
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проширување за масата за сечење (види слика A)
Проширување за масата за сечење (6) ја проширува
масата за сечење (23) кон десно.
– Повлечете ја затезната дршка (13) за проширувањето
на масата за сечење целосно нагоре.
– Извлечете го нанадвор проширувањето на масата за
сечење (6) до саканата должина.
– Притиснете ја затезната дршка (13) надолу. Со тоа се
фиксира проширувањето на масата за сечење.
Подесување на вертикалниот и
хоризонталниот агол на закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот алат и евентуално да ги подесите.
1 609 92A 7NP | (27.04.2022)
Поставување на вертикален агол на закосување
(сечило за пила) (види слика B)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од 0° до 45°.
– Олабавете го лостот за блокада (20) во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
Напомена: Доколку целосно го олабавите лостот за
блокада, сечилото за пила ќе се навали во положба од
околу 30° под влијание на гравитацијата.
– Повлечете го или притиснете го рачното тркало (14)
по должина на кулисата, додека агломерот (21) не го
покаже саканиот агол на закосување.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно
затегнете го лостот за блокада (20).
За брзо и прецизно подесување на вертикален
стандарден агол 0° и 45° предвидени се фабрички
поставените граничници ((22), (18)).
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(аголен граничник) (види слика C)
Хоризонталниот агол на закосување може да се
поставува во еден опсег од 30° (на левата страна) до 30°
(на десната страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (54), доколку е
затегнато.
– Свртете го аголниот граничник додека агломерот (55)
не го покаже саканиот агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (54).
Поставување на паралелниот граничник
Паралелниот граничник (5) може да се позиционира на
левата страна (црна скала) или на десната страна
(сребрена скала) од сечилото на пила. Ознаката на
приказот на скала (56) го прикажува поставеното
растојание на паралелниот граничник до сечилото за
пила на скалата (1).
Позиционирајте го паралелниот граничник на саканата
страна на сечилото за пила (види „Монтирање на
паралелниот граничник (види слика e)", Страница 367).
Подесување на паралелниот граничник
при неизвлечена маса за сечење
– Олабавете ја затезната дршка (41) на паралелниот
граничник (5). Поместувајте го паралелниот
граничник сè додека ознаката во приказот на
скала (56) не го прикаже саканото растојание до
сечилото на пила.
При неизвлечена маса за сечење важи долниот натпис
на сребрената скала (1).
– За фиксирање, повторно притиснете ја затезната
дршка (41) надолу.
Подесување на паралелниот граничник
при неизвлечена маса за сечење (види слика D)
– Позиционирајте го паралелниот граничник десно од
сечилото за пила.
Поместувајте го паралелниот граничник додека
ознаката на приказот на скала (56) на долната скала не
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 m44 0003 601 m44 0403 601 m44 0k03 601 m44 0b0Professional gts 18v-216

Tabla de contenido