Descargar Imprimir esta página

Bosch GSH 27 VC Professional Manual Original página 106

Ocultar thumbs Ver también para GSH 27 VC Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 18
106 | Македонски
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Промена на алат
– Исчистете го вратилото на алатот (5) и лесно
намастете го.
Алати за вметнување без венец (види слики A– B)
– Навалете го заштитниот држач (3) за околу 150°
нагоре и ставете го алатот за вметнување во прифатот
за алат (4) .
– Навалете го заштитниот држач (3) надолу, за да го
блокирате алатот за вметнување.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Алати за вметнување со венец (види слики C– D)
Алатите за вметнување со должина на внес од 152 mm
(6") може да ги користите до венецот.
– Навалете го заштитниот држач (3) за околу 180°
нагоре и ставете го алатот за вметнување во прифатот
за алат (4) .
– Навалете го заштитниот држач (3) назад до алатот за
вметнување за да го блокирате. Венецот (6) мора да
се држи за заштитниот држач (3).
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
1 609 92A 7ES | (10.11.2022)
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот алат. Електричните алати означени со
230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (1) и држете го притиснат.
– За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
На ниски температури електричниот алат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари. Ова стартно време може да го скратите, така што
алатот што е вметнат во електричниот апарат ќе го
притиснете еднаш на подот.

Совети при работењето
За што поголемо придушување на ударите, работете
само со умерен притисок.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading