748
Македонски
Гаранција и поддршка
Исклучоци од гаранцијата
Рециклирање
Вадење на батеријата на полнење
Доколку ви се потребни информации или поддршка,
посетете ја страницата www.philips.com/support или
прочитајте го летокот со меѓународната гаранција.
Што не е покриено со гаранцијата:
-
Приклучоци за уста, вклучувајќи глави за четката и
млазници.
-
Оштетување предизвикано од употреба на
неовластени резервни делови или неовластени
глави на четка за заби.
-
Оштетување предизвикано од погрешно
користење, запоставување, промени или
неовластени поправки.
-
Нормално трошење и абење, вклучувајќи скршени
делчиња, гребаници, абразии, промена на бојата
или избледување.
-
УВ-сијалица.
-
Овој симбол означува дека електричните
производи и батерии не треба да се фрлаат во
обичниот отпад од домаќинствата.
-
Придржувајте се до прописите во вашата земја за
посебно собирање на електрични производи и
батерии.
-
УВ-светилката на стерилизаторот содржи жива. Не
фрлајте ја УВ-светилката заедно со обичниот
отпад од домаќинството на крајот од работниот
век. Однесете ја на официјално место за отпад за
рециклирање.
Вградената батерија на полнење мора да се
отстранува само од страна на квалификуван
професионалец кога се фрла производот. Пред да ја
отстраните батеријата, проверете дали батеријата е
целосно испразнета.