d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите
од допирот на децата. Не допуштајте работа со
уредот на лица кои не се запознаени со него
или кои го немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни доколку со нив
работат неискусни лица.
e) Одржувајте го електричниот алат и
дополнителната опрема. Имајте контрола околу
тоа дали движечките делови на уредот работат
беспрекорно и дали не се заглавени, дали
деловите се скршени или оштетени до таа мерка
што не може да се обезбеди функционирање на
уредот. Пред примената, овие оштетени делови
треба да се поправат. Причина за многу незгоди е
лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и
на начин кој е опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид работните
услови и работата која се извршува. Употребата
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА МЕШАЛКИ
a) Држете ја алатката со двете раце за наменетите
рачки. Губењето контрола може да предизвика
лична повреда.
b) Обезбедете доволно вентилација при мешање
запаливи материјали за да избегнете опасна
атмосфера. Пареата што се развива може да
се вдише или да се запали од искрите што ги
произведува електричниот алат.
c) Не мешајте храна. Електричните алати и нивните
додатоци не се дизајнирани за преработка на храна.
d) Држете го кабелот подалеку од работната
површина. Кабелот може да се заплетка со
лопатката на мешалката.
e) Осигурите се дека садот за мешање е поставен
во цврста и безбедна положба. Сад кој не
е правилно прицврстен може да се придвижи
неочекувано.
f) Осигурите се дека нема прскање на течност врз
куќиштето на електричниот алат. Течност што
навлегла во електричниот алат може да предизвика
оштетување и да доведе до електричен удар.
g) Следете ги упатствата и предупредувањата за
материјалот што треба да се меша. Материјалот
што треба да се меша може да биде штетен.
h) Ако електричниот алат падне во материјалот што
треба да се меша, веднаш исклучете го алатот
од струја и обезбедете квалификувано лице да
го провери електричниот алат. Посегнувањето во
кофата со алатот сè уште вклучен може да доведе до
електричен удар.
i)
Не посегнувајте со рацете во садот за мешање
и не ставајте други предмети во него додека
мешате. Контактот со лопатката на мешалката може
да доведе до сериозни лични повреди.
j)
Стартувајте и спуштајте ја алатката само во
садот за мешање. Лопатката на мешалката може да
се свитка или да се врти на неконтролиран начин.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
•
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
•
Никогаш не користете го алатот кога кабелот е
оштетен; тој мора да се замени со специјално
подготвен кабел достапен преку организацијата на
услуги.
•
Никогаш не користете го алатот во или во близина на
експлозивна атмосфера
•
Никогаш не мешајте експлозивни супстанции
•
Носете заштитни ракавици, заштитна маска, тесни
алишта и цврсти чевли
•
Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
•
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
•
Не користете продолжетоци на лопатка на
мешалката
•
Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не се ослободувајте од електични алати и батерии во
домашниот отпад
УПОТРЕБА
•
Вклучено/Исклучено 6
! внимавајте на силите кои се јавуваат како
резултат на заглавување; држете го алатот
цврсто, со двете раци и завземете безбедна
положба
•
Закочување на прекинувачот за лесен старт 7
•
Заштитна рамка 8
- за заштита на алатот
- за наведување на алатот
- за складирање на алатот на едноставен начин
- монтирајте ја заштитната рамка C пред користење
на алатот по прв пат
! никогаш не користете го алатот без заштитната
рамка
•
Работа со алатот
! проверете дали алатот е исклучен
- поставете ја лопатката за мешање D на осовината
E како што е посочено на сликата 9
- вклучете го штекерот во извор на струја
- осигурајте се контејнерот за мешање да е безбедно
позициониран на подот
83