174 | Македонски
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
рачката.
Подесување на правецот на вртење (види слика D)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење
(17) може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (14) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (17) налево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (17) на десно до крај.
Подесување на режимот на работа
Дупчење
GSR 14,4/18 VE-2-LI:
Поставете го прстенот за подесување на претходното
избирање на вртежен момент (3) на ознаката „Дупчење".
GSB 14,4/18 VE-2-LI:
Поставете го прстенот за претходно подесување на
режимот на работа (4) на ознаката „Дупчење без удар".
Завртување
GSR 14,4/18 VE-2-LI:
Поставете го прстенот за подесување во претходно
избраниот вртежен момент (3) на саканиот вртежен
момент.
GSB 14,4/18 VE-2-LI:
Поставете го прстенот за претходно подесување на
режимот на работа (4) на ознаката „Дупчење без удар".
Поставете го прстенот во претходно избраниот вртежен
момент (3) на саканиот вртежен момент.
Ударно дупчење (GSB 14,4/18 VE-2-LI)
Поставете го прстенот за претходно подесување (4) на
ознаката „Ударно дупчење".
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(14) и држете го притиснат.
LED светилката (12) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (14) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (14).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (14).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (14) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
1 609 92A 4V5 | (13.11.2019)
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 25
степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент, алатот
за вметнување запира.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
пречекорување на дозволената температура на
батеријата електрониката го исклучува електричниот
алат, додека не се врати во оптималните граници на
температура.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
Механички избор на брзини
Прекинувач за избор на брзина (5)активирајте го
u
само кога електричниот алат е во празен од.
Прекинувачот за избор на брзини секогаш
u
притискајте го до крај. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
Брзина 1:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина 2:
Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Брзо исклучување (Kickback Control)
Брзото исклучување (KickBack Control)
нуди подобра контрола на електричниот
алат и со тоа ја зголемува заштитата при
користење, во споредба со електричните
алати без KickBack Control. При ненадејна и
непредвидена ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање на LED на
електричниот апарат.
За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување и одново
притиснете го.
Ако функцијата Kickback Control е дефектна,
u
електричниот алат не се вклучува. Поправката на
електричниот алат смее се изврши само од страна
на квалификуван стручен персонал и само со
користење на оригинални резервни делови.
Совети при работењето
Електричниот алат ставете го на завртката само
u
доколку е исклучен. Доколку алатите што се
Bosch Power Tools