Descargar Imprimir esta página

Bosch HEAVY DUTY GSR Professional 18V-110 Manual Original página 186

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
186 | Македонски
правец на оската за дупчење, значи дека таа е доволно
цврсто затегната.
Монтирање на дополнителната дршка
За да ја отворите дополнителната рачка, завртете го
долниот дел за фаќање на помошната рачка (4)
спротивно од стрелките на часовникот.
Повлечете го наназад сврзниот дел на дополнителната
рачка (5) и држете го во оваа позиција.
Вметнете ја помошната рачка над главата за дупчење, за
да ја ставите помошната рачка на електричниот уред.
На крај отпуштете го сврзниот дел (5).
Потоа повторно зацврстете го долниот дел на
дополнителната рачка (4) во правец на стрелките од
часовникот.
Навалување на дополнителната рачка
Дополнителната рачка (4) може да ја вртите по желба, за
да може безбедно и неуморно да работите.
Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (4) во
правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете
ја (4) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го
долниот дел на дополнителната рачка (4) во правец на
стрелките од часовникот.
Подесување на длабочина на дупчење
Со граничникот за длабочина (3) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
Олабавете ја пеперутка-завртката за подесување на
граничникот за длабочина (6) и поставете го граничникот
за длабочина во дополнителната рачка (4).
Извлечете го граничникот за длабочина до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката за
подесување на граничникот за длабочина (6).
Промена на алат (види слика A)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (17)
не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова
овозможува брзо, лесно и едноставно менување на
алатот што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (2) со
вртење во правец ➊, додека не се стави алатот. Вметнете
го алатот.
Чаурата на брзозатезната глава за дупчење (2) свртете ја
цврсто со рака во правец ➋. Со тоа, главата автоматски
се заклучува.
1 609 92A 60C | (07.08.2020)
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (16)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија (11) вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
рачката.
Подесување на правецот на вртење (види слика B)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење
(16) може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (17) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: Турнете го прекинувачот за правец на
вртење (16) од двете страни се до крај во позиција
.
Лев тек: Турнете го прекинувачот за правец на
вртење (16) од двете страни се до крај во позиција
.
Подесување на режимот на работа
Дупчење
Прекинувачот за избор на начинот на
работа (8) поставете го на ознаката
„Дупчење".
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Heavy duty gsb professional 18v-110 c06019g010a06019g030a