Descargar Imprimir esta página

GGP ITALY HB 52 Manual De Instrucciones página 340

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 179
• машината треба секогаш да се држи
цврсто со двете раце, држејќи ја моторната
единица од десната страна, а делот
за сечење под линијата на појасот.
6.4.1 Техника на работа
6.4.1.a
Макара со конец
Користете САМО најлонски конец.
Употребата на метални конци, метално–
пластични конци и/или несоодветни
за макарата може да предизвикаат
серија повреди и оштетувања.
Никогаш не користете ја
машината за метење, накривувајќи
ја макарата со конецот. Моќноста на
моторот може да отфрли предмети и
мали камчиња повеќе и од 15 метри
со што може да се предизвикаат
оштетувања и да се повредат луѓе.
a. Сечење во движење (косење)
Почнете со рамномерен 'од, со движења во
форма на лак слично при традиционално
косење без да ја закосувате макарата
со конецот при работата (сл. 21).
Од почеток пробајте да работите на еднаква
висина во мал простор, за да може да
одржувате еднаква висина на косење
со макарата со конец и на константна
оддалеченост во однос на теренот.
За опсежни сечења, може малку
да ја закосите до околу 30° налево
макарата со конецот.
Не работете на овој начин ако
постои можност да се отфрлат предмети
што може да повредат луѓе, животни
или да предизвикаат оштетувања.
b. Прецизно сечење (обликување)
Држете ја машината малку закосена на
тој начин што понискиот дел од макарата
со конецот да не го допира теренот и
линијата на сечење да се наоѓа на саканата
точка одржувајќи го секогаш уредот за
сечење подалеку од корисникот.
c. Сечење во близина на
ограничувања / темели
Приближете ја полека макарата со конецот
до ѕидовите, надѕидоците, карпите,
оградите, итн. без примена на сила (сл. 22).
Ако конецот се навитка околу некоја
тврда препрека може да се скине или
потроши; ако продолжите, ќе направите
дупка во оградата, може да наравите
неправилно поткастрување.
Во секој случај, сечење во близина
на ѕидови, темели, огради и сл. може
да предизвика користење на конецот
што не се смета за нормално.
d. Сечење околу дрвја
Движете се околу дрвото од лево кон десно,
пристапувајќи внимателно кон стеблото и
внимавајќи конецот да не се заплетка околу
дрвото со тоа што ќе ја држите макарата со
конецот малку закривена нанапред. (сл. 23)
Имајте предвид дека најлонскиот конец
може да скине или оштети мали жбунови и
дека заплеткувањето на најлонскиот конец
околу стеблото на жбуновите или дрвјата со
нежна кора може да го уништи растението.
6.4.1.b
Сечиво со 3 запци
Започнете со сечење од врвот на
вегетацијата, симнувајќи се потоа
со надолу сечејќи ги подолните
гранки на мали делови (сл. 24).
6.4.1.c
Сечиво за пила (ако има)
За да ја користите, ако е дозволено,
соодветната заштита треба секогаш
да се поставува на сечивото за пила
(поглавје 4.2). Сечивото треба секогаш
да биде добро закачено за да се
намали ризикот од противудар.
Во случај на сечење на мали дрвја,
предвидете го правецот на паѓање на
исеченото дрво, имајќи го во предвид
и правецот на дување на ветерот.
За да се постигне добар резултат при
сечење мали дрвја, потребно е сечењето
да се изведе со брзо движење кон
гранката или стеблото, а моторот да е
ставен во максимален број вртежи.
Избегнувајте работа од десна страна на
ножот бидејќи во оваа зона постои голем
ризик од противудар или заглавување на
сечивото имајќи ја предвид ротацијата (сл. 25).
6.4.2 Регулација на должината
на конецот од макарата
во текот на работата
Оваа машина е опремена со една макара со
полуавтоматско ослободување на конецот.
Должината на конецот од
макарата се регулира:
MK - 14

Publicidad

loading