200 | Македонски
Промена на алат (види слика A)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (12)
не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова
овозможува брзо, лесно и едноставно менување на
алатот што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (2) со
вртење во правец ➊, додека не се стави алатот. Вметнете
го алатот.
Чаурата на брзозатезната глава за дупчење (2) свртете ја
цврсто со рака во правец ➋. Со тоа, главата автоматски
се заклучува.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (11)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија (7) вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
рачката.
Подесување на правецот на вртење (види слика B)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење
(11) може да го промените правецот на вртење на
1 609 92A 6GU | (23.06.2022)
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (12) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: Турнете го прекинувачот за правец на
вртење (11) од двете страни се до крај во позиција
.
Лев тек: Турнете го прекинувачот за правец на
вртење (11) од двете страни се до крај во позиција
.
Подесување на режимот на работа
Дупчење
GSR 18V-90 C
Поставете го прстенот за подесување во
претходно избраниот вртежен момент (3) на
ознаката „Дупчење".
GSB 18V-90 C
Поставете го прстенот за претходно
подесување на видот на режим (4) на
ознаката „Дупчење".
Завртување
GSR 18V-90 C
Поставете го прстенот за подесување во
претходно избраниот вртежен момент (3) на
саканиот вртежен момент.
GSB 18V-90 C
Поставете го прстенот за претходно
подесување на видот на режим (4) на
ознаката „Завртување".
Поставете го прстенот во претходно
избраниот вртежен момент (3) на саканиот
вртежен момент.
Ударно дупчење
GSB 18V-90 C
Поставете го прстенот за претходно
подесување на видот на режим (4) на
ознаката „Ударно дупчење".
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(12) и држете го притиснат.
LED светилката (18) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (12) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (12).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (12).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (12) се постигнува мал број на вртежи. Со
Bosch Power Tools