Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 FDG-0X Manual Original página 117

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
скрши. Кога ротационата турпија, високобрзинскиот секач или
секачот од волфрам или од тврд метал ќе се заглават, тие можат
да излетаат од жлебот, а Вие може да изгубите контрола над
алатката.
Специјални безбедносни упатства за шлајфување и
шлајфување со делење
a) Користете само шајбни кои се препорачани за
Вашиот електричен алат и само за намени коишто се
препорачани. На пример: немојте да брусите со бочната
страна од брусната шајбна. Дисковите за делење се наменети
за отстранување на материјал со работ на дискот. Дејството на
странична сила врз овие тела за брусење може да ги скрши истите.
b) За навојни абразивни конуси и приклучоци користете
само неоштетени шајбни со осовинки со необработени
прирабници кои се со исправна големина и должина.
Исправните осовинки ќе ја намалат веројатноста од кршење.
c) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или
премногу висок контактен притисок. Не изведувајте
претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот
за делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста за
Mak
D
извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за повратен
удар или за кршење на телото за брусење.
d) Не ставајте ја Вашата рака пред или зад ротирачката
шајбна. Ако шајбната на местото на работење се движи од
Вашата рака нанапред, во случај на повратен удар електричниот
алат со ротирачката шајбна може да излетаат право кон Вас.
e) Доколку дискот за делење се заглави или доколку
прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и
држете го мирно сè додека дискот не постигне состојба
на мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете
дискот од засекот додека се врти, во спротивно може
да дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја
причината за заглавувањето.
f) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека
истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред
внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно
дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за обработка
или да предизвика повратен удар.
g) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен
удар како резултат на заглавен диск за делење. Големи
материјали за обработка може да свијат како последица на својата
тежина. Материјалот за обработка мора да биде потпран на двете
страни и тоа како во близина на засекот за делење така и на работ.
h) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„ во
постоечки ѕидови или други подрачја каде што се нема
увид. Дискот што навлегува може да предизвика повратен удар
при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични
водови или други објекти.
Останати безбедносни и работни упатства
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете
се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар,
запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина
(зона на искрење). Не користете издув за прав.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат
телото.
Користетe само соодветни приклучоци и неоштетени клучови.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Македонски
Deutsch
114
114
Алатите за дробење мора да работат целосно концентрично. Не
продолжувајте да користите дополнителна опрема за дробење
која не се движи кружно, наместо тоа, заменете ја пред да
продолжите со работа.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја
најдете причината за нив.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Сечени и брусени плочи да се употребуваат и чуваат секогаш
према податоците на производителот.
Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат
цврсто стегнати доколку не се држи со самата своја тежина.
Работните предмети никогаш да не се водат рачно према
плочата.
Употребениот алат мора да биде прицврстен барем 10
мм. Од спецификацијата што ја обезбедил производителот
на алатот може да се употребат димензиите на внатрешната
дршка L₀за да се пресмета максимално дозволената брзина
на употребениот алат. Таа не смее да биде помала од
максималната брзина на алатот.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Вистинските глодачи се погодни за глодање дрво, метал,
пластика или слични материјали, особено на тешко достапни
места и агли.
Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите
на приборот.
Eлектричното орудие е прикладно само за сува обработка.
ЕЛЕКТРОНИКА
Вградената електроника ќе обезбеди константна брзина дури и
при зголемено оптоварување.
При преоптоварување бројот на вртежи се намалува до
состојба на мирување.
Апаратот располага со една заштитна функција за Overload
и Anti Kickback и во случај на соодветно преоптоварување
застанува со работа.
Ве молиме обратете внимание дека машината во случај на
престанок на преоптоварувањето повторно самостојно се
враќа на претходниот број на работни вртежи.
После постигнувањето на бројот на работни вртежи апаратот
повторно е подготвен за употреба.
ЗАШТИТА ОД ПОВТОРНО ПРИДВИЖУВАЊЕ
Нуланапонската исклопка го спречува повторното стартување
на машината после прекин на струја.
Во случај на повторно започнување со работа, исклучете ја
машината и потоа вклучете ја повторно.
МАЗЕН СТАРТ
Електронски контролиран мазен старт за безбедно користење
кој штити од почетното нагло задвижување на машината.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба. Температура повисока од 50оС
(122оФ) го намалуваат траењето на батериите. Избегнувајте
подолго изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

M18 fdg